еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Со социјална дистанца: Грците не се откажаа од првомајските протести

Членови на синдикати, на различни федерации на работниците, на Комунистичката партија, на бројни здруженија, студенти, вработени во јавниот сектор, анархисти… и покрај забраната за движење и предупредувањето од грчката Влада дека не се дозволени протести, поради кризата со коронавирусот и дека тоа е прекршување на законот, сепак денеска во чест на 1.Мај излегоа на различни протести во Солун и Атина, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Пред грчкиот Парламент, Грчкото здружение на музичари ја изведе и култната „Бела Чао„.

На протестите како што отценуваат грчките медиуми, главно се почитувале мерките за превенција од коронавирусот, како носење на маски и држење социјална дистанца.

Дел од учесниците на протестите пак се појавија без заштитна опрема.

Фото/Видео: Thesstoday/Thestival Gr/Πανεργατικό Αγωνιστικό Μέτωπο

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алијанса за Албанците ќе даде подршка за измена на Уставот, ако македонскиот и албанскиот јазик станат рамноправни

Редакција

(ВИДЕО) Во Македонија пристигнаа уште 44 Авганистанци

Редакција

Ќе стане ли Беса единствената партија на Албанците во опозиција, се поизвесно влегувањето на Алијансата за Албанците во Владата

Редакција