Сопругата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, Елизабета открива каков е тој приватно.
Во изборната кампања на Пендаровски кога во 2014 година за прв пат беше кандидат за претседател на државата, таа се обиде да го долови Стево, не како што вели, „строго лице од телевизиските екрани, туку како човек пожртвуван, благороден необично духовит и прекрасен татко“.
„Стево го запознав кратко пред да ми се случи најстрашниот момент во мојот живот, загубата на мојата помала сестра. Тогаш, неговата поддршка и часови и часови поминати во разговори ми помогнаа да прифатам, некако да живеам со тој факт неповратна загуба како дел од животот. Но ми се чини дека маката тогаш, направи да видиме многу побрзо една важна работа, а тоа е дека треба да продолжиме заедно, особено затоа што и обајцата потекнуваме од скромни семејства, каде што добрината, човечноста и трудољубивоста се поважни од се.
Кога за десетгодишнината од бракот повеќето жени добиваат скапоцени подароци, јас од него добив тектст, текст кој не би го менувала за сите богатства на овој свет.
Насловот е „Десетка во срце и една од карти“. Десетка за десетте години заеднички живот, а една од картите за она прекрасно суштество кое не може да заспие додека со најдобриот татичко на свет не прочитаат по некоја епизода од нивните омилени стрипови.
Стево од секогаш ме поддржувал во мојата работа. Секое мое отсуство и враќање го засилува чувството дека најсреќна сум кога сум тука, дома. Јас најдобро знам дека сакам и Огнен кога ќе порасне да остане покрај нас, заслужува иднина како и сите наши деца, тука“, изјави Пендаровска во нејзиното обраќање.
Елизабета Пендаровска по професија е стоматолог и работи на Клиниката за детска и превентивна стоматологија.
Видео: ТВ Нова/Фото: Фејсбук-профил на Елизабета Пендаровска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Твитерџиите му направија „крвна слика„ на Пендаровски, кандидатот на СДСМ и ДУИ за претседател
Има само југо: Каков имот пријавил Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и ДУИ