еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Состојбата во Пјаченца, каде работат илјадници Македонци алармантна: 633 заразени, 50 починати од корона вирусот

Состојбата во италијанскиот град Пјаченца, каде работат илјадници Македонци, пред се од Струмица и околината, но и од Валандово, Кочани, Делчево, Берово, Пробиштип, Виница, Македонска Каменица… станува алармантна пренесува руската телевизија РТ.

Според последните официјални податоци, кои се менуваат од час во час во оваа гратче со корона вирусот се заразени 633, а се починати 40 лица.

Соговорникот на РТ, локален лекар вели дека ситуцијата во Пјаченца ќе стане уште полоша пред да стане подобра и подвлекува дека локалното население не се придржува до мерките за превенција на италијанската Влада, па ќе дојде време кога здравствениот систем едноставно не ќе може да одговори на потребите.

Пјаченца е во карантин уште пред вонредните мерки да стапат на сила на цела територија на Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трогателно сведоштво и апел на Македонка од Милано: „Не го потценувајте корона вирусот, тука веќе нема место во болниците“

(ВИДЕО) И Пјаченца во Италија, каде работат илјадници Македонци во карантин поради коронавирусот

За сега нема официјални податоци дали во Италија има заразени македонски државјани со корона вирус или починати.

Пред неколку дена од македонското Министерство за надворешни работи (МНР) информираа дека Генералниот конзулат на Македонија во Венеција, следејќи ја праксата на другите европски дипломатско конзуларни претставништва во истиот регион, како и заради понатамошна превенција од ширење на корона вирусот, во следниов период нема да работи со странки, освен во итни и неодложни ситуации.

За подетални информации околу развојот на состојбите, македонските граѓани кои се наоѓаат во Италија, можат да го контактираат нашиот Генерален конзулат во Венеција на + 39 389 5837913 или [email protected].

Од МНР посочуваат дека преку нашите дипломатско конзуларни претставништва продолжува будно да се следи состојбата со COVID-19 за што граѓаните соодветно ќе бидат информирани.

Официјални информации може да се добијат на travel.mfa.gov.mk.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите и како да се заштитите од корона вирусот?

Поради корона вирусот Албанија забрани меѓуградски сообраќај

Канадскиот премиер Џастин Трудо во самоизолација, неговата сопруга со симптоми на корона вирусот

Со корона вирус заразени и вработени во грчки медиуми

Видео: РТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српската православна црква се заканува со раскол со Вселенската патријаршија ако МПЦ биде признаена

Редакција

Данска по трет пат светски првак во ракомет

Редакција

Советот на ЕУ препорачува намалување на антибиотиците за 20% до 2030 година

Редакција