еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Спасовски: Тоа што МВР претресуваше фирма поврзана со Орка холдинг, е коинциденција со почеток на судењето со Камчев

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за „360 степени“ на телевизијата Алсат М, изјави дека тоа што МВР претресува фирма на Орце Камчев еден ден пред судењето за „Рекет“ каде што тој се појави како сведок, е само коинциденција.

„Се работи врз основа на сите прибрани документи и наредби кога ќе ги издадат надлежните органи. Ние постапуваме во моментите кога ќе ги добиеме наредбите и известувањата. Може слободно да се каже дека е коинциденција, нема никаква поврзаност меѓу едната и другата работа“, додаде Спасов.

ОЈО Скопје побарало од МВР да направи проверки во три фирми во врска со долг што останал од сметката отворена за финансирање на кампањата на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, долг кој според последните измени на Изборниот законик не смеел да остане и сите обврски требало да се затворат од оваа сметка.

Со ова тие фирми кон кои не е платено индиректно донирале многу поголеми суми отколку лимитот од 30 илјади евра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полициска акција во три фирми на Камчев

Орка Холдинг со демант за полициска акција во „Монт“, се работи за контрола од инспектори од МВР

Видео: 360 степени/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела од Ковид-19 починале 124 лица од 23 градови

Редакција

Изборниот законик и пописот „на маса“ пред Заев и Мицкоски на денешната тет-а тет средба

Редакција

Ел Чека објави нова „бомба“ за „Монструм“

Редакција