еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Стартува кампања за подигање на свеста на ранливите заедници за опасностите поврзани со трговијата со луѓе

Денеска во ЕУ Инфо центарот, се одржа прес конференција за одбележување на Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе и претставување на почетокот на Кампањата за подигање на свеста на ранливите заедници за опасностите поврзани со трговијата со луѓе, со посебен фокус на трговијата со луѓе за сексуална и трудова експлоатација и за детски бракови како ризик за појава на трговија со деца.

Нашата земја се смета за земја на потекло, транзит и крајна дестинација за жртви на трговија со луѓе, а недостигот на свест и информираност во однос на ризиците поврзани со миграција и достапните заштитни мерки помеѓу ранливите категории е сеприсутен.

Кампањата се спроведува во рамките на проектот „Зајакнување на националните капацитети во областа на азилот, миграциите и трговијата со луѓе“ кој е финансиран од Европска Унија а е имплементиран од страна на Меѓународната Организација за Миграции – ИОМ во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика.

Целта на оваа кампања е сензибилизирање на широката јавност и медиумите, како и високо-ризичните категории, за ризиците поврзани со миграција, со фокус на трговијата со луѓе, и подобрување на свеста за опасностите кои произлегуваат од истите, како и информирање за начини на кој може да се пријави експлоатација и да се побара помош.

Официјално обраќање на прес конференцијата имаа Никола Бертолини – раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европска Унија, Магдалена Несторовска – државен секретар при Министерството за внатрешни работи и Национален Координатор на Националната Комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Јована Тренчевска – Државен секретар при Министерството за труд и социјална политика, Соња Божиновска Петрушевска – Раководител на канцеларијата на Меѓународната организација за миграции – ИОМ Скопје.

По официјалното обраќање следеше презентација на информативното видео кое е дел на кампањата за подигање на свеста на ранливите заедници за опасностите поврзани со трговијата со луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За потпретседатели на СДСМ се избрани Царовска, Петров, Спасовски, Зекири и Манчевски

Редакција

Министерот Манчевски четири часа сведочеше на судењето за насилството во Собрание

Редакција

(Видео) Премиерот Заев „провери“ да не има утка со германското знаме

Никола Осило