еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Столтенберг: Идејата дека може да ја отфрлите спогодбата со Грција и да се зачлените во НАТО е целосна илузија

За неколку седмици имате референдум за договорот за името. Ги охрабрувам гласачите да се појават во голем број, ова е прилика која се јавува еднаш во животот – да станете членка на меѓународната заедница со сите придобивки кои тоа ги носи со себе, истакна генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Посочи оти вратата на НАТО е отворена, членството е на дофат што е можност да се зајакне мирот и стабилноста, како во земјата така и во регионот, и како што рече, „да се добие место и еднаков глас на масата на НАТО да се пристапи кон најсупешниот сојуз во историјата“.

– На Самитот на НАТО во јули Алијансата ве покани да започнете разговори за пристапување по решавањето на прашањето за името со Грција. Компромисот не е лесен никогаш, но двете страни направија компромис за една посветла иднина, изјави Столтенберг.

Тој нагласи ова е историска и неповторлива можност за земјата да стане целосна членка на ЕУ и НАТО, но оти за да се постигне тоа мора да се согласи со спогодбата за името. Овој став тој им го пренел и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски и на претседателот Ѓорге Иванов.

– Нема друг пат за зачленување во НАТО. Јас разбирам дека некои мислат оти можат да кажат „не“ на референдумот и „да“ за членство во НАТО. Не постои таква алтернатива или ќе кажете „да“ за спогодбата и референдумот и „да“ за НАТО. Идејата дека може да ја отфрлите спогодбата со Грција и да се зачлените во НАТО е целосна илузија. Како пријател на вашата земја морам да бидам отворен со вас. Бев присутен на Самитот во Букурепшт во 2008  и знам колку е тешко ова прашање, рече Столтенберг.

Првиот човек на Алијансата рече дека НАТО чува безбедни една милијарда луѓе во светот, и оти безбедноста носи и економски просперитет. Тоа, потенцира, многупати било потврдено со проширувањето на НАТО во Европа и во регионот. Последниот пример, рече е зачленувањето на Црна Гора каде што двојно се зголемени инвестициите.

Изрази благодарност за придонесот на Македонија кон операциите и мисиите на НАТО.

– Сакаме да ја видиме вашата земја како успешна. Само народот на оваа земја треба да одлучи да го изоди овој пат – вашата иднина е во ваши раце додека ние ве чекаме во НАТО, рече Столтенберг.

Премиерот Заев, од своја страна, нагласи дека поканата влијае за внатрешната кохезија и Македонија ја промовира како пример на Западен Балкан за силно лидерство.

Посочи дека Владата подготвува план за имплементација на реформите во согласност со програмата на НАТО со посебен акцент на владеење на правото.

НАТО и ЕУ се стратешка определба на Македонија од тоа нема отстапување, рече Заев.

– Референдумот на 30 септември ќе биде уште еден важен предизвик. Сега сме на историски крстопат за нашата иднина и убеден сум дека граѓаните ќе ги препознаат перспективите за нашата земја, изјави Заев.

Истакна дека убеден оти референдумот ќе биде успешен и ќе се постигне потребниот цензус.

– Како се доближува денот 30 септември, историски ден за Македонија, се повеќе немам причини да размислувам „што ако“. Нема „што ако“.  Јас сум убеден дека референдумот ќе успее, оти огромно мнозинство ќе гласа „за“ и дека цензусот ќе биде видливо надминат и за тоа веќе немам дилема, рече Заев.

Уште еднаш повика сите во Македонија да застанат заедно за исполнување на стратешкиет интереси на земјата.

МИА/Фото/видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Десет нови случаи со коронавирусот во Кавадарци, претежно млади лица

Редакција

Операторите ќе прекинат со реемитување на домашни и странски ТВ канали освен на јавниот сервис

Редакција

Ставот на Владата за преговарачката рамка е билатералните прашања да се решаваат билатерално, тврди Ковачевски

Редакција