еМагазин
Image default
Забава

(Видео) Суперхикс со новото видео и сингл „Модерна љубов“ се враќаат назад кон корените

Суперхикс на 3-ти март 2019 година во МКЦ, Скопје, на свој начин ќе прослават 25 години од својот прв настап во некогашниот Доорс во Дебар Маало, Скопје. Банда инструментале на истиот ден, 03-ти март, во 1994 година за прв пат го размрдаа Скопје.

Тие во целото свое постоење се поклонуваат на специфичниот ритам и музика кои го исполнуваат секој кој ќе ги слушне „Раде“, „Африка“, „Глупави песни“, и многуте други. Својот раст и својот развој, задржувајќи го тоа што секогаш ги прави тоа што се, Суперхикс го негуваат и во „Модерна љубов“, сингл чие видео денес излезе во јавност.

Видеото и песната „Модерна љубов“ се снимени во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски од Скопје и за прв пат како редовен и нов член на бендот учествува и Стефан Алексовски на клавијатури.

Суперхикс се враќаат верни на својот стил и посветени на музиката пред својата 25 годишнина. Картите за настапот во МКЦ се на работ на распродавање и за тие кои што сакаат да го почувстуваат тоа што само Суперхикс може да го понуди немаат уште многу време.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По повод отворањето на Diamond Mall, тридневна забава која ќе трае до недела

Редакција

Симболична поворка за Вевчанскиот карневал: Без концерти за да се спречи масовно собирање

Редакција

(Галерија) Winterland 2020: Скопјани во предновогодишно расположение на концерт на „Нокаут“

Редакција