еМагазин
Image default
Интервју

(Видео) The Hood: Очекувајте нова музика во иднина, другиот викенд свириме на „Андерфест“ во Скопје

The Hood e музички проект кој неодмана го објави своето музичко остварување “Away”, со видео запис, кое е дел од официјалното деби „EP”, кое излегува во мај.

Бендот веќе е и резервиран за претстојниот фестивал „Underfest 2019“ за сабота на 6 април. Влезот за сите посетители е бесплатен.

Вие сте новоформиран состав, како се запознавте, како дојдовте до идејата да се офирмите и кои се членовите на The Hood?

– Целата идеја The Hood започна многу спонтано. Инаку Hood сум јас ( Дарко Стојчов ) и целата идеја е да се претстави еден нов звук на публиката. Се работи на овој проект веќе подолго време, но оваа година некако беше вистинскиот момент сето тоа да излезе во јавност. Инаку позади мене имам бенд со кој што соработувам веќе подолг период. Тоа се момците од мојот бенд  „APositive”, со кои што настапувам активно веќе пет години и можам да кажам дека се тоа едни одлични артисти. Бендот ги вбројува: Емил Милев ( ритам секција ), Гоце Зашев ( бас, клавијатури ), Лазар Велинов ( гитара, виолончело).

Во мај планирате да го издадете вашето „ЕР“, дали може да ни кажете нешто повеќе за ова ваше издание?

– Ова „ЕР“ е издание кое што ќе содржи неколку песни вклучувајќи ја „Away”. Како што кажав еден нов звук и мисла којшто ќе и се претстави на публиката. „Away” одлучив да биде прва која што ќе ја претставам на публиката, таа излезе 9 февруари оваа година, но следи многу интересна и нова музика којашто ќе биде претставена во живо на Underfest.

Како ја оценувате алтернативната сцена во Македонија поточно сцената од Источна Македонија од каде што и доаѓате?

– Неколку бендови со многу добра музика. Од мојот град Кочани се излезени според мене едни од најголемите на алтернативната сцена кај нас. Едни од тие се „AnnaO”, кои што пред некое време издадоа и нов албум.. Но сепак од истокот се излезени многу добри проекти коишто и ден денес творат.

Во април оваа година ќе настапувате на фестивалот „Underfest 2019“ како дојде до тоа и што мислите за овој тип на фестивал кој трае три дена и кој е целосно посветен на изведувачи од Македонија?

– Искрено многу ми е мило што постои таков настан, кој што и прикажува на публиката што се музика имаме во нас. Голема благодарност до организаторите кои што ме контактираа за настап. Мислам дека недостасуваат повеќе вакви настани во нашата држава, кои ни дозволуваат да претставиме во живо она што го работиме повеќе време. Се надевам дека „Андерфест“ ќе прерасне во една традиција и ќе им даде мотив на повеќе артисти за творење и создавање уметност.

Кои се вашите идни планови?

– Многу нова музика во иднина. Средината на мај претставување на моето деби „ЕР“, неколку настапи и создавање нова музика во следниот период.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Марко Пејчиновски, Личноста на годината на еМагазин: Мајка мѝ секогаш ми кажуваше дека Господ има план за сите и не става во искушенија за да сме посилни

Редакција

Бошко Стаменковски, светски шампион во „пауерлифтинг“: Гордо ја претставувам Македонија во светот, иако за возврат не добивам ништо

Редакција

Aндоновски: Предметите од ТМФ ми се признаени на Конкордија во САД

Редакција