еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Tројца мртви во напад во трамвај во Утрехт, Холандија, осомничен Турчин

Во холандскиот град Утрехт во пукање во трамвај денеска се убиени најмалку три лица, а девет повредени, некои од нив сериозно.

„Не може да се исклучи терористичкиот мотив во инцидентот“, изјави портпаролот на полицијата Бернхард Јенс, пренесуваат светските агенции.

Полицијата објави фотографија од осомничениот од надзорна камера, кого го именуваа како Ѓукмен Танис, на возраст од 37 години, роден во Турција, и ги предупреди луѓето самите да не му приоѓаат, туку да ги алармираат властите ако го видат.

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека сите напори се насочени да се фати „осомничениот или осомничените“.

„Нашата земја денес е шокирана со нападот во Утрехт“, изјави Руте.

„Полицијата и обвинителите истражуваат што точно се случило“, посочи премиерот.

Фото: ЕПА/АП/Твитер/Полиција Утрехт /Видео: АП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Томе Блажевски, претседателот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, кој се отвори во Охрид

Редакција

Времето денеска сончево и топло, попладне дожд, грмежи и ветер

Редакција

Во Штип втор случај на повторување на корона вирусот кај маж

Редакција