еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Трогателна приказна за шестмесечно доенче: „На Бисера и се врати насмевката“

Бисера е доенче старо 6 месеци со повреќекратен престој на Клиниката за Детски болести, и еден претходен престој во Kлиниката „Жан Митрев“ поради оклузија на десната брахиална артерија пропратено со некроза надисталните фаланги на вториот и третиот прст десно.

„При овој прием Бисера дојде, хипотрофична, хипотонична, вознемирена, со намеалено поткожно ткиво (тенка кожа) со бројни хематоми од претходни боцкања. Бисера отежнато дишеше и имаше изразен интеркостален тираж.

Психо-моторниот развој кој многу заостануваше за нејзината возраст од 6 месеци. Бисера имаше и пареза на левата рака. На приемот кај нас Бисера тежеше 2.920 грама“, вели доктор Ѓорѓи Филев, педијатар во Zan Mitrev Clinic.

Оттаму информираат дека по првичните обемни лабораториски, микробиолошки и имиџинг иследувања почнале Бисера да ја хранат со хиперкалориска и антирефлуксна формула во почеток со помали дози кои постапно се зголемуваа

„Ја храневме преку назогастрична сонда затоа што Бисера го имаше изгубен рефлексот за цицање. Хроничниот белодробен наод е лекуван со инхалации со бронходилататори, кои Бисера добро ги поднесе и во тек на следните денови постапно со подобрувањето на дишењето се намалуваше кислородната подршка.

По добивањето на позитивните микробиолошки наод од грлото и хемокултурата кај Бисера е вклуичена и антибиотска тепија надополнета и со пробиотик за да не се наруши природната цревна флора.

Интензивно е спроведувана и физикална терапија за подобрување на моториката и воопшто на циркулацијата низ целото тело, по што Бисера беше се повесела и се повеќе се гледаше насмевка на нејзиното лице.

После десетина дена ја повикавме и нејзината мајка и сега се тие две заедно грижејќи се за здравјето при тоа следејќи ги препораките на нашите доктори.

Во овој краток период во нашата клиника на наше огромно задоволство можеме да информираме дека Бисера ја зголеми својата телесна тежина од 2.920 грама на 4.000 грама.

Сепак, и покрај позитивниот резултат во психо-моторната и здравствена состојба кај Бисера престои уште терапевски процедури кој треба да се спроведат за да може целосно да се излекува.

Максимално ќе се грижиме и понатаму за овој наш мал пациент за што ќе ја информираме јавноста“, велат од Клиниката.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Арменд Арслани e нов заменик-министер за здравство: Што пишува во неговата биографија?

Редакција

Со влегувањето на Алтернатива во Владата, новото парламентарно мнозинство ќе брои 64 пратеници

Редакција

Несреќата на автобусот на „Беса транс“ не се случила поради голема брзина, причините за пожарот непознати, велат бугарските власти

Редакција