еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Уште двајца пациенти со корона вирусот заминуваат дома по успешниот третман со хемофилтрацијa во клиниката Жан Митрев

Двајца пациенти заминуваат дома по успешниот третман во ковид-центарот на клиниката Жан Митрев, информираат од таму.

„Татко ми има 65 години и пред две недели многу му се влоши здравјето. Го однесовме во една од државните болници каде веднаш го хоспитализираа и рекоа река има корона вирус. Татко ми тешко дишеше, имаше температура, едвај се движеше.

Откако го однесувме во болницата веќе не го видовме. Неколку пати преку врски добивме информација дека е се полошо и полошо и дека наскоро ќе заврши на респиратор. Тоа беше знак за нас дека мора да преземем нешто за да не го изгубиме човекот,“ раскажува ќерката на пациентот додека го чека својот татко да го превземе од болницата и да го однесе во својот дом.

Пациентот бил примен на клиниката Жан Митрев во бесознание во крајно критична состојба.

„Нашиот медицински тим веднаш ги презедоа сите мерки кои значат третирање на пациент позитивен на Ковид-19. Беше сместен во ковид центарот и веднаш беше започнат третман на хемофилтрација.

Цело време во текот на 12 –дневното лечење семејството беше континуирано редовно информирање за сите фази и методи со кои беше третиран пациентот,“ велат од Клиниката.

Неговата ќерка раскажува за искуството:

„Откако го донесовме татко ми во Жан Митрев Клиник веднаш бевме детално информирани што и кога ќе се преземе. Уште по третата хемофилтрација татко ми сакал да си оди дома, сосема свесен во добра состојба.

Навистина изненадувачки и за нас, но овој третман му го спаси животот на мојот татко. Еве после не цели две недели здрав со негативен тест на корона вирус, свеж и расположен си го носиме дома.

Благодаримена целиот тим од клиниката, а посебно на доктор Жан Митрев, кој во ова хаотично тмурно време дава надеж за сите тешко болни, и тоа не само надеж туку и спас кој значи живот.“

Еден ден претходно, од ковид центарот на клиниката Жан Митрев си заминал и пациент од соседно Косово.

Фото: Фејсбук: клиника Жан Митрев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камчев побара да биде изземен како сведок зашто му бил нарушен кредибилитетот

Редакција

Нови 1.394 случаи на Ковид-19 од 4.920 тестирања

Редакција

Јавниот превоз за празниците ќе функционира по неделен возен ред

Редакција