По најавите за заминување на главните спонзори и заканата за опстанокот на спортскиот клуб Вардар, група поддржувачи снимија песна и видео-спот за поддршка на клубот.
„До сите што искрено го сакаат Вардар !!!! Песната настана со многу љубов како спонтана идеја на групата “Асови” на едно нивно неодамнешно патување. Александар Митевски на нивна иницијатива ја помогна идејата и заедно со нив ја сними оваа верзија. Се надеваме дека на сите ќе ви се допадне и сите заедно ќе го бодриме нашиот Вардар!
Голема благодарност до авторот Новачевски и до сестрите Маријана и Росана што дадоа поддршка за правењето на оваа песна“, пишува во објавата на Youtube.
Музиката е на Тоде Новачевски, адаптација на текстот е на групата АСОВИ.
Оригиналот “Признавам” го пејат Маријана и Росана. Продукција и аранжман Александар Митевски, а продуцент е Бобан Василески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Самсоненко заминува од РК Вардар: Приходот на клубот не е ни 10 проценти од она што го давам
Ракометниот клуб Вардар во загуба од 1,2 милиони евра
Видео/Фото: Youtube/Pikado creative colective/РК Вардар