Општина Велес упати апел за помош во гаснењето на пожарот кај езерото Младост.
„Ве молиме во оваа тешка ситуација во која сите граѓани на Велес се соочени со губење на драгоцени природни ресурси на езерото Младост, да помогнеме со поттик и пораки до сите кои се стручни да обезбедат помош.
Територијалната противпожарна единица започна акција веднаш по избувнувањето на пожарот и во моментов се користат сите расположиви средства за локализирање на пожарот.
Градоначалникот Аце Коцевски е на лице место со стручните служби. Во акцијата се вклучи и АРМ со хеликоптери. Во гаснењето се вклучени и авиони – канадери. Ве молиме со вашите пораки и поддршка заеднички да помогнеме да се надмине оваа кризна ситуација“, велат од Општина Велес на нивниот фејсбук-профил.
Страшно, жално…
Posted by tirekovmirece.com on Понеделник, 26 август 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четири лица приведени под сомнение дека го предизвикале пожарот во Велешко
(ВИДЕО) Сообраќајот се пренасочува: Пожарот се симна до автопатот Скопје-Велес
Видео: tirekovmirece.com