еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Видео) „Виз ер“ ја претстави новата полиса за багаж за патниците

Авиокомпанија со најбрз раст во Европа „Виз ер“ и лидер во ниско-буџетни компании во Централна и Источна Европа, денес ја објави својата нова и транспарентна полиса за багаж, која е со цел за полесно чекирање на патниците и гарантира сите патници да имаат една бесплатна торба која ќе ја понесат со себе во кабината на авионот за сите летови на „Виз ер“ , почнувајќи од 1. ноември 2018.

Историјата на авиокомпанијата покажува дека повеќе од 10.000 летови годишно се подлежни на закаснувања поврзани со багажот. Фактите исто така покажуваат дека во изминатите 5 години, просечната должина на престојот во друга дестинација постојано се намалува и до сега секој трет патник на „Виз ер“ , купува карти за три или помалку денови. Како последица на краткото патување, патниците на „Виз“се пакуваат, лесно и паметно.

Секој трет патник понесува рачна торба, додека секој седми патник се одлучил за рачен торба со тркалца кој може да се понесе на самиот лет.

Од 1. ноември, секој патник има право да понесе една беспатна рачна торба на лет (40x30x20cm), додека патниците кои имаат купено „Виз приорити“, ќе им биде дозволено да понесат и една торба со тркалца (55x40x23cm) во кабината на авионот.

Базирајќи се на потребите на патниците и на новите стандарди на патување, „Виз ер“ воведе 10 килограми чекиран багаж кој ќе го олесни удобното патување на патниците со цени почнувајќи од само седум евра.

Новата фер и чиста полиса на авиокомпанијата е полиса со повеќе опции за патниците, која им овозможува на патниците на „Виз“ да одберат од повеќе од 50 опции за багажот на лет и чекиран багаж според нивните индивидуални преференции.

Јохан Еидхаген, главен маркетинг директор на „Виз ер“ вели:

“Патниците сакаат разновидни продукти и тоа е суштината на овој модел со ултра ниска цена, кој го применува „Виз ер“. Сакаме да им ја понудиме на патниците најниската можна цена, како и транспарентен поглед во цената на картата. Под разновидни услуги и продукти, „Виз ер“ го демократизира начинот на патување  и овозможува плаќање по потреба.”

Ги охрабруваме нашите патници да се пакуваат паметно и да купат „Виз приорити“, која вклучува бесплатна рачна торба (40x30x20cm), рачна торба на тркалца (55x40x23cm) да бидат понесени на летот, приоритетно чекирање и приоритетен влез со ниски цени од само 5 евра, велат од компанијата.

Купените карти без „Виз приорити“ пред 10. октомври за патувања после 1. ноември 2018 ќе бидат надградени со бесплатен чекиран багаж од 10 килограми, додека картите купени со чекиран багаж ќе бидат надградени со „Виз приорити“.

„Виз ер“ верува дека овој транспарентен и јасен пристап кон полисата за багаж ќе придонесе за поудобен и побрз влез во авион, подобро искуство на клиентите и во исто време да ги подобри перформансите на времето за полетување на авионите. Со поголема сигурност дека багажот може да се вклопи во авионот, и нов, поголем избор и опции за големина и тежина на багаж, потрошувачите сега имаат неверојатен избор на комбинации за да изберат, велат од компанијата.

Еидхаген додава:

„На наше огромно задоволство ви ја претставуваме нашата нова, транспарентна и „фер-за-сите“ полиса за багаж која ќе нуди најширока селекција на избор за багаж за нашите клиенти, воедно дозволувајќи бесплатен рачен багаж за секој патник. Ние сме убедени дека нашата разновидна понуда со повеќе од 50 комбинации на багаж ќе ги задоволи потребите на нашите потрошувачи на персонализиран начин и дека нашите патници ќе продолжат да плаќаат само за услугите кои они сакаат да ги користат.

Почнувајќи на 1. ноември ќе го направиме патувањето по удобно додека континуирано нудиме најниски можни цени за летовите преку нашата широка мрежа од 143 дестинации во 44 држави“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ќе го награди Дејан Георгиевски со 1,8 милиони денари за успехот на Олимписките игри

Редакција

Стартува „Проект куќа со Кристина“: На семејствата кои живеат во тешки услови им се реновираат домовите

Редакција

(Видео+фото) Накитена подводната новогодишна елка во Охридско езеро

Редакција