еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Во Грција отворени кафулињата и угостителските објекти

Отворање на кафулињата, угостителските објекти и спортските центри на отворено, како и дозволата за патување на островите и пловидба на јахтите, се мерките кои од денеска стапуваат во сила во Грција, во рамки на четвртата фаза од владиниот план за постепено враќање во „новата нормала“, јави дописничката на МИА од Атина.

Кафулиња и угостителски објекти, во текот на викендот со полна пареа работеа за да се прилагодат на поставените нови стандарди за работа и да бидат подготвени за денешниот нов почеток по речиси два и пол месеца.

Масите, зависно од бројот и распоредот на столици, треба да бидат на растојание од 70 сантиметри, еден метар и десет сантиметри или еден метар и 70 сантиметри, додека пак на една маса дозволено е да има најмногу шест лица. Вработените, задолжително мора да носат маска.

Ќе бидат отворени само надворешните делови и летните тераси, а според заменик министерот за развој, Никос Папатанаси, се разгледува можноста кон средината на јуни да се отворат и внатрешните делови.

Имајќи ги предвид вонредните околности и посебните стандарди за работа, на кафулињата и угостителските објекти ќе им се ослободи и дополнителен простор за поставување маси, онаму каде што нема да претставуваат пречка, а на општините нема да треба да им плаќаат дополнителна такса.

Од денеска Грците можат да патуваат на островите, а дозволена е и пловидба на јахтите.
Бродовите и траектите од минатиот понеделник сообраќаат со половина од капацитетот и со посебни превентивни мерки.

Предвидено е на патниците да им се мери температурата и да пополнуваат специјален прашалник за здравствената состојба пред да се качат во брод; да постои по едно празно седиште меѓу патниците; во кабините дозволено е само едно лице, освен ако не станува збор за семејство; како и влегувањето и излегувањето да биде со одржување на потребното растојание.

Следниот понеделник, планирано е отворање на хотелите што работат во текот на целата година, како и основните училишта и градинките, за кои синоќа, грчката Влада донесе одлука, по едногласната позитивна препорака на Комисијата на епидемиолози при Министерството за здравство на Грција.

Пред две седмици во училишните клупи се вратија матурантите, а минатиот понеделник започна наставата за сите средношколци.

МИА/Видео: OPEN

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе биде ли одморот во Грција поевтин?

Донесен здравствен протокол: Како ќе работат хотелите и туристичките објекти во Грција

Сите детали: Без тест и карантин од 15 јуни Грција ги отвара вратите за туристите од Балканот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Веста за апсењето на актерката Силвија Стојановска одекна на Балканот

Редакција

Скопјанецот кој почина од корона вирусот имал претходни заболувања

Редакција

Оставките не се верификувани, БЕСА се уште е дел од Владата, вели Заев

Редакција