еМагазин
Image default
Свет

(Видео) „Војна“ на улиците во Хонг Конг: Демонстрантите се судрија со полицијата

Полицијата за справување со нереди и демонстрантите се судрија денеска во Хонг Конг додека властите се обидуваат да ја стават ситуацијата под контрола во округот Јуен Лонг.

Полицијата повеќепати употреби солзавец на различни места во округот, каде што илјадници луѓе се собраа да протестираат против законот за екстрадиција и заради нападите врз демонстрантите од овој округ минатиот викенд.

Демонстрантите во близина на населбата Нан Пин Ваи, историски резиденцијална област, се бранеа со чадори и штитови, додека на други локации кренаа барикади од оградите за пешаци, за да спречат специјалните полициски сили да напредуваат.

Иако им беше фрлен солзавец многу демонстранти се подготвени да останат, опремени со вода, прва помош, шлемови и гас маски.

Полицијата претходно предупреди дека ситуаицјата во Лиен Лонг „се влошува“.

Фото/Видео: Washington post/Youtube/CNA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Боинг“ планира нов софтвер за контрола на летање за авионите „737 макс“

Редакција

(Видео) Див Запад во САД: Полицајци на коњи влечеа афроамериканец врзан со јаже

Никола Осило

Трамп предложил изградба на ѕид во Сахара за да се спречи илегалната миграција во Европа

Редакција