еМагазин
Image default
Свет

(Видео) Во нападот на синагогата во САД убиени 11 луѓе, смртна казна за напаѓачот

Бројот на жртви во вооружениот инцидент што се случи во синагогата „Дрво на животот“ во Питсбург се искачи на 11, а над десет лица се повредени, од кои шестмина полицајци.

Напаѓачот Роберт Бауерс (46) вчера влезе во синагогата и почна да пука и да вика „Сите Евреи мора да умрат“. Во синагогата за време на нападот имаше околу стоо луѓе.

Бауерс по пукањето се предаде на полицијата и е во притвор.

Американскиот јавен обвинител Џеф Сешенс најави дека Министерството за правда ќе подигне обвинение против Бауерс за злосторство од омраза и други злосторства кои би можеле да доведат до смртна казна.

Тој додаде дека таквите злосторства се за осуда и се во спротивност со вредностите на американската нација.

Фото/Видео:Star online

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вооружен напад во синагога во САД, убиени најмалку осум лица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неуспешен и денешниот обид за евакуација на цивили од Мариупол во Украина

Редакција

(Видео) Илјадници Палестинци ја напуштаат северна Газа, откако им нареди Израел, некои и пеш

Редакција

Премиерите на Полска, Чешка и Словенија ќе одат во Киев на средба со Зеленски

Редакција