еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Во Вухан се отстрануваат последните ограничувања поради корона вирусот, животот полека се враќа во нормала

Кинескиот град Вухан, каде што почна пандемијата на коронавирус, оваа недела ги отстрани последните ограничувања по повеќе од два и пол месеца строг карантин, јави ДПА.

Од полноќ по локално време (04:00 по полноќ), сообраќајот во Вухан ќе се врати во нормала. Летовите ќе бидат во функција, автомобилите ќе можат да го напуштаат градот, а луѓето да го користат возот, доколку се здрави и неодамна немале контакт со заразени пациенти.

Враќањето на нормалниот живот во овој 11-милионски град се смета како важен сигнал за Кина дека е завршена најлошата фаза од пандемијата.

Од над 80.000 официјално регистрирани случаи на заразени со коронавирус во Кина, 50.000 беа во Вухан. Таму имаше над 2.500 од вкупно 3.300 починати од коронавирус во Кина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Директорот на фотографија за „Медена земја“, Фејми Даут снима документарец во Вухан, од каде се почна

(Видео) Убава вест од Кина: По 2 месеци изолација, делумно се отвори Вухан, од каде се почна

(Видео) Украинци евакуирани од Вухан непожелни и нападнати дома

(ВИДЕО) Сами се бодрат пеејќи: Емотивни снимки од кинескиот град Вухан кој е во карантин поради коронавирусот

МИА/Фото/Видео:Free press journal/Youtube/Quick take by Bloomberg

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер реакции за предупредувањето од ЕУ за изолација ако не се усвојат уставните измени

Редакција

Руската економија годинава ќе падне за 10%

Редакција

Култните „Лајбах“ со концерт во Битола на 25. ноември

Редакција