еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Видео) Врати се во игра! – Од септември Бизнис 3х3 Баскет

Тренд е не само во светот, туку и кај нас, покрај секојдневното работење во канцеларија, вработените да се организираат и на заедничко спортување кое уште повеќе би ја подигнало нивната продуктивност и организираност.

Преку спортувањето тие не остануваат само формални колеги, туку и спортисти со борбен дух. Затоа Спортплан од 15. септември 2019 до 15. мај 2020 во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје организира Бизнис 3х3 Баскет од рекреативно – натпреварувачки карактер.

Покрај тоа, самиот настан ќе има хуманитарен карактер со кој што ќе се поттикнат сите вклучени да ја негуваат најголемата човекова доблест, хуманоста.

„Баскетот 3х3 е одличен затоа што тој отсекогаш бил еден од најомилените тимски спортови. Веруваме дека не постои човек на планетава кој барем еднаш не изиграл една партија баскет во животот. Новитет би било тоа што целиот концепт за спортување и дружење после работа ќе има и натпреварувачки карактер за да биде уште поинтересно и попривлечно.

Желбата за успех и докажување на терен како лично, така и тимско, секојдневно ќе расте на сите полиња, што е и основна цел на секоја организација, тим или поединец која тежнее кон прогрес“, порачува Зоран Панчевски, основачот на Спортплан.

Затоа што турнирот е и со натпреварувачки карактер за првите 3. екипи следуваат одлични награди:

– 1. место – 6 ноќевања во Грција, награди од спонзорите и учество без котизација во наредната година.

– 2. место – 4 ноќевања во Грција, награди од спонзорите и 50% попуст на котизацијата за учество следната година.

– 3. место – 2 ноќевања во Грција, награди од спонзорите и 30% попуст на котизацијата за учество следната година.

Во овој период од Спортплан ги охрабруваат сите заинтересирани навремено да се пријават со својот тим. Истото завршува на 15. септември 2019 или до исполнување на капацитетот на турнирот.

Најавата може да ја видите на:

Повеќе информации за Спортплан и Бизнис 3х3 Баскет може да се најдат на: sportplan.mk и facebook.com/sportplan.mk.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охрабрувачки пораки од неделата на студентите по медицина, “Студентите по медицина – нашите идни лекари”

Редакција

УСЈЕ на Клиниката за гинекологија и акушерство-Скопје донираше апарат за капиларно одредување на ЦРП кај новороденчиња

Редакција

(Галерија) Доделени наградите „Златно тркало 2023“

Редакција