еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Вучиќ побарал од Путин помош за Косово: Србија не сака во НАТО

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска оствари средба со рускиот претседател Владимир Путин во Кремлин.

Вучиќ изјави дека на средбата главна тема на разговор била кризата на Косово, како и политичките текови во регионот и светот, но и дека се разговорало за понатамошна економска соработка во железничкиот сектор, како и околу гасоводот Турски тек, пренесоа српските медиуми.

Тој додаде дека во детали го запознал Путин со состојбата на Косово, какви се желбите на светските играчи и каква е улогата на Русија и каква поддршка очекува Србија.

„Наидовме на разбирање, на искрен и пријателски став на Путин и Русија кон српскиот народ и Србија“, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека разговарале и за конкретни чекори, но дека не може да открива детали.

„Србија нема никакви аспирации, никакви намери и никаква желба да биде дел од НАТО. Србија сака да ја чува својата неутралност и затоа работиме на зајакнување на нашата армија за да можеме да превенираме секаков можен напад и агресија врз нашата земја“, изјави Вучиќ.

Фото/Видео: Русија24

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ одржа голем протест против „неправдите, реваншизмот и политичкото насилство“

Редакција

Одбраната на Марјан Стаменковски смета дека изречената казна е висока и најави жалба

Редакција

Од утре задолжително зимски гуми и опрема во автомобилите

Редакција