еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Заев и Мицкоски предизборно кај бизнисмените: Првиот вети пари од ЕУ-фондовите, вториот отвореност за мерки

Лидерите на двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски веќе наголемо работат на терен во пресрет на изборите закажани за 12 април.

Тие деновиве остварија средби со бизнисмени и посетија компании на кои порачаа отвореност и слух за потребите на бизнис секторот.

Заев ја посети фабриката „Макпрогрес“ во Виница.

Даваме голема поддршка за развој на домашното производство

Макпрогрес е еден од најголемите извозници во нашата земја. Го поддржуваме домашното производство, тоа е најсилната гаранција за раст на економскиот стандард на граѓаните.

Posted by Zoran Zaev on Сабота, 22 февруари 2020

„Бевме во посета на „Макпрогрес“, одлична македонска компанија којашто е еден од најголемите извозници и претставува гордост на сите граѓани. Преку 90% нивните програми одат за извоз носејќи девизни приливи на државата.

Во наредниот период очекуваме отворање на преговорите со ЕУ, а со тоа и отворање на европските фондови, кои на овие компании ќе им бидат поддршка за развој и дополнителна мотивација да вложат во нови машини, во нови капацитети, да го шират своето производство“, напиша Заев на својот Фејсбук профил.

Мицкоски, пак, оствари средба со бизнисмените од Сојузот на Стопански комори.

Денешниот состанок, практично треба да биде средба во која што ќе можеме да презентираме дел од политиките кои што ги предвиде ВМРО-ДПМНЕ за следните предвремени парламентарни избори, а се однесуваат на економијата која што ќе биде главен фокус за следниот четиригодишен мандат на владата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.Имајќи предвид дека програмата се уште не е затворена, постои можност нели истата да биде проширена. Како што кажа претседателката така јас еве и ќе повторам, покрај тоа што ќе зборуваме и ќе презентираме политики и проекти кои што како политичка партија планираме да ги работиме, сме тука и да слушаме. Она што Сојузот на Стопански Комори практично ќе ни го предложи, она што е важно за нив, па да видиме дали дел од тие проекти, политики можеме веднаш да ги уклопиме во програмата. Дел понатаму откако ќе направиме детална анализа на состојбите во буџетот на државата кои што според наша информација, според она навигација со која ние располагаме е во една многу лоша состојба и кондиција. Таквата состојба исто како и за економијата предвидуваме дека ќе биде се полошо од период кој што следи.Така што денешната средба ќе ја искористиме генерално да оваа приказна на кратко да ја кажам, најпрвин да презентираме она што ние го имаме досега вклучено во програмата и второ да слушнеме она што е важно за комората да можеме истото тоа да го вклопиме во рамките на програмата.

Posted by Hristijan Mickoski on Петок, 21 февруари 2020

„Состанокот, практично треба да биде средба во која што ќе можеме да презентираме дел од политиките кои што ги предвиде ВМРО-ДПМНЕ за следните предвремени парламентарни избори, а се однесуваат на економијата која што ќе биде главен фокус за следниот четиригодишен мандат на владата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

Имајќи предвид дека програмата се уште не е затворена, постои можност нели истата да биде проширена. Како што кажа претседателката така јас еве и ќе повторам, покрај тоа што ќе зборуваме и ќе презентираме политики и проекти кои што како политичка партија планираме да ги работиме, сме тука и да слушаме.

Она што Сојузот на Стопански Комори практично ќе ни го предложи, она што е важно за нив, па да видиме дали дел од тие проекти, политики можеме веднаш да ги уклопиме во програмата“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Фото/Видео: Фејсбук/Заев/Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот европратеник Ковачев: Малку е веројатно Софија до утре да го промени својот став за ветото

Редакција

Пренос во живо од Апостолската посета на Папата Франциск

Редакција

Поглаварите на верските заедници апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и да се вакцинираат

Редакција