еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Заев на 23. конгрес на СДСМ: Нашата партија никогаш не отстапи од предизвиците

Во Скопје почна 23-от Конгрес на Социјалдемократскиот сојуз на кој партијата треба да го потврди Стево Пендаровски за кандидат за претседател на државата на претстојните избори.

Конгресот беше отворен со обраќање на премиерот и лидер на партијата Зоран Заев кој рече дека од последнито конгрес СДСМ ја потврди својата државотворна улога и одговорност во пресудните моменти и настани од историјата на нашата современа држава.

„Нашата партија заедно со нејзините лидери и членство никогаш не отстапи пред предизвиците. Секогаш ја преземаше одговорноста донесуваше одлуки и спроведуваше рационални политики што се покажаа како историски.

Тоа беше во 1991 година, кога заедно со граѓаните на нашата земја учествуваме во процесот на прогласување на независноста на нашата земја.

Тоа беше и во 2001 кога презедовме одговорност да го запреме меѓуетничкиот конфликт и со дијалог и со Охридскиот рамковен договор да почнеме да ја градиме новата вредност на нашата општествена заедница концептот „Едно општество за сите“.

Така беше и во 2005 кога им дадовме силен имплус на европските вредности и нашите аспирации за членство во ЕУ и ни беше доделен кандидатскиот статус.

Така беше и во 2015 година кога со „Вистината за Македонија“ со граѓаните на Македонија во кампот на слободата со шарената револуција тргнавме низ улиците на нашите градови.

Кога трпеливо и мудро низ политичките процеси верувајќи во слобода, вистина, правда, еднаквост, напредок и кога социјалдемократските вредности ги здруживме со цивилизациските вредности за да си ја ослободиме заробената ни држава.

Така беше и во 2017 и 2018 година кога на 27 април се спротивставивме на насилството и кога новата владина коалиција донесе одлука да постигне договор за пријателство со Бугарија и ќе го реши тридеценискиот спор со Грција“, рече Заев на Конгресот.

Обраќање од 23. Конгрес на СДСМ [03.03.2019]

Во живо: Обраќање од 23. Конгрес на СДСМ.

Posted by Zoran Zaev on Недела, 03 март 2019

Тој потенцира дека овие датуми и настани и историски одредници го носат потписот на Социјалдемократскиот сојуз.

Инаку, по обраќањето конгресот се предвидува да биде затворен за јавноста, а повторно ќе биде отворен на крајот кога ќе се обрати избраниот кандидат за претседател на државата.

МИА/Фото/Видео:Фејсбук/СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Го избра ли власта „правиот“ кандидат за претседателските избори: Животот на Стево Пендаровски во 2,5 минути

Твитерџиите му направија „крвна слика„ на Пендаровски, кандидатот на СДСМ и ДУИ за претседател

Има само југо: Каков имот пријавил Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Невакцинираните нема да бидат примени во градинка: Во Скопје за еден ден 488 деца добија МРП вакцина

Редакција

„Бомби“ на судењето за „Титаник 2“: „Ќе видиме колку сега Заев кошта”, му вели Латас на Мијалков

Редакција

Од 24 запишани, во Белград гласале 17 македонски државјани

Редакција