еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Заев, Шекеринска и Џафери на адреналинско-воена екскурзија на носачот „Хари С. Труман“

Премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот на Собранието, Талат Џафери остварија средба со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили на НАТО во Неапол, која се одржа на носачот на авиони „Хари С. Труман“.

„Ден полн со адреналин. Слетавме на носачот на авиони „Хари С. Труман“. Заедно со премиерот Зоран Заев и шефот на парламентот Талат Џафери, таму имавме средба со адмирал Џејмс Фого, командант на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили на НАТО во Неапол“, напиша на својот Фејсбук профил Шекеринска.

Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот!

Заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и Претседателот на Собранието, Талат Џафери, остваривме средба со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили на НАТО во Неапол, која се одржа на носачот на авиони „Хари С. Труман“. Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните воени способности на воено поморските сили на САД, кои им служат на американските, но и на сите граѓани на земјите – членки на НАТО Алијансата.Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот и во историјата на човечката цивилизација.Северна Македонија припаѓа во најсилниот систем на колективна безбедност. Најсилните земји во светот се наши сојузници, а Северна Македонија е 30та полноправна земја членка на НАТО.

Posted by Zoran Zaev on Понеделник, 09 декември 2019

Премиерот Заев на неговиот Фејсбук профил напиша дека стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот и во историјата на човечката цивилизација.

„Северна Македонија припаѓа во најсилниот систем на колективна безбедност. Најсилните земји во светот се наши сојузници, а Северна Македонија е 30та полноправна земја членка на НАТО“, додаде Заев.

Фото/Видео: Фејсбук/Заев/Шекеринска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев, Шекеринска и Османи на средба со Столтенберг во седиштето на НАТО

Редакција

За Османи е спорно отварањето на македонскиот клуб во Благоевград

Редакција

Владата го назначи Груби за координатор на Коридор 8

Редакција