еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Заев со честитка до Пендаровски: Се гледаме наскоро на прво претседателско-премиерско кафе

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски.

„Денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење.

Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

Драг Стево, нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема.

Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава. Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе, и на првиот работен состанок. Не чека многу заедничка работа, за нашиот народ“ се вели во честитката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се појави ли Заев на инаугурацијата на Пендаровски?

Фото и видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Второосмничениот во „Рекет“ Зоран Милески – Кичеец пуштен во домашен притвор

Редакција

Приведен екс-пратеникот Љубомир Јосифовски поради сомнеж за неовластен упад во компјутерскиот систем на Централниот регистар

Никола Осило

Влада: Палењето знамиња на држави и макети од Заев и Шекеринска не е патриотизам

Редакција