еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Заев: Вилма Русковска на чело на „новото СЈО“ кое ќе работи под капата на Државното обвинителство

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција ги образложи причините за откажувањето на лидерската средба и најави дека со нов Закон за јавното обвинителство сегашното Специјално јавно обвинителство ќе се интегрира во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција. На чело на „новото СЈО“ ќе биде обвинителката Вилма Русковска.

Според него, тие ќе имаат гаранции за самостојност, но сепак ќе бидат во хиерархија и субординација со Државното обвинителство. Сите обвинители од СЈО ќе прејдат во новото Обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција. Нивниот мандат истекува на 15 септември, а тие имаат право на реизбор, ако сакаат да се кандидираат.

„Во законодавниот дом, во домот на демократијата ќе отвориме дијалог со сите политички партии и пратенички групи во Собранието, каде што е местото. Текстот што ќе биде предложен ги вградува оние точки за кои досега сме разговарале со опозицијата и со сите други пратенички групи и навистина беа барања на опозицијата“, рече Заев.

Според него, на овој начин ќе се обезбедат досегашната структура и ресурси на СЈО во нова форма и без каква било можност политичарите да одлучуваат за составот и раководството. Тие одлуки ќе ги носи Советот за јавни обвинители.

Сите случаи кои се пред судовите, а се во надлежност на СЈО ќе ги застапува новото обинителство во фазата во која се застанати. Останатите вработени во СЈО, истражителите, архивата, материјалите, средствата, опремата преминуваат во новото обвинителство.

Висината на средствата за работа на ЈО за гонење организиран криминал и висока корупција ќе се уредува на предлог буџет и финансиски план на шефот на оваа институција, кој потоа се доставува до Министерството за финансии, а Владата и Собранието нема да можат да го менуваат предложениот финансиски план и се должни да обезбедат финансиски средства за непречена работа.

„Откако Катица Јанева ја депонираше својата оставка и денеска го предлагаме овој текст. Не гледаме избор од опозицијата да избегнува разговори и договори за ова прашање, освен ако нема намера и натаму да и нанесува штета на државата и да заштитува нечиј криминал“, рече Заев.

Нагласи дека лидерската средба, како што е познато е откажана, бидејќи до денеска не се создадени услови за состанокот.

„Во мое име и во име на Владата не се прифалтиви ултиматуми, кои тргнуваат од позицијата да штитат криминал и кои ги ставаат партиски пред државните интереси. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски одбија лидерска без аргументи и без разум“, додаде тој.

Фото/Видео/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со легализацијата на марихуаната секој ќе може да одгледува две-три стебла за лична употреба, најавува Заев

Редакција

Убава вест: Во Македонија излекувани 86 лица заразени со коронавирусот

Редакција

Братот и сопругот на Мира Дизел ќе дадат отказ, синот не

Редакција