еМагазин
Image default
Свет

(Видео) Тажни сцени од Нов Зеланд: Се насукаа 145 делфини, сите угинаа

Јато од 145 белогрбни делфини се насукаа на брегот на островот Стјуарт на Нов Зеланд и сите угинаа, јави Би-Би-Си. Насуканите тела на животните ги забележал случаен минувач, кој шетал по плажата Мејсон Беј.

Властите информираа дека половина од делфините умреле во текот на ноќта меѓу сабота и недела, додека останатите ги успале, бидејќи било невозможно да бидат спасени.

Веројатноста за успешно враќање на делфините во море беше исклучително мала, изјави Рон Лепенс од локалниот Оддел за конзервација, чија функција е зачувување на историското и природно наследство на Нов Зеланд.

„Се насукале на најоддалечената локација. Веќе угинуваа, а нам ни недостасуваат вработени. Најдобро што можевме да сториме за нив беше евтаназија. Но тое е секогаш, ама секогаш, многу тешка одлука“, истакна Лепенс.

Во извештајот на Одделот за конзервација се наведува дека на Нов Зеланд често се насукуваат делфини и китови, во просек 85 пати годишно. Сепак, најчесто станува збор за еден припадник на видот, а не за цело јато.

Китовите и делфините се насукуваат поради болест, потешкотии при навигација, морски струи или поради тоа што ги прогонуваат грабливци.

МИА/Видео/Фото:Sputnik

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европа го затвора воздушниот простор за сите руски авиони, најави Фон дер Лајен

Редакција

Повеќе од 12 милиони луѓе заразени со Ковид-19 во светот

Редакција

Бројот на починати од Ковид-19 во светот надмина 2 милиони

Редакција