еМагазин
Image default
Македонија

Викендот 55 лица не го почитувале полицискиот час, приведени 45

Викендот 55 лица не ја почитувале забраната за движење на ниво на цела држава, при што приведени се 45 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, објави министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на својот Фејсбук профил.

– Викендов се применуваше мерката за ограничување на движењето кое започнуваше во 14 часот и траеше до 05 часот наредниот ден. Граѓаните се одговорни, совесни и свесни. Генералната констатација е дека тие ги почитуваат мерките за ограничување на движењето, пишува Чулев.

Тој иформира дека на територијата на државата, според евидентираните податоци, на 63 лица им се издадени решенија за изолација, а 11 лица потпишале изјави за самоизолација. Во државен карантин се спроведени 34 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицијата приведе пет лица и обезбеди возило како трага за исчезнувањето на Вања Ѓорчевска

Редакција

ДУИ прва му честиташе на Абази, новиот шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција

Редакција

Нови 403 случаи на Ковид-19 од 2.118 тестирања

Редакција