еМагазин
Image default
Македонија

Викендов стабилно и суво, од понеделник дожд и снег

Најстуден град во Макдонија утрово е Берово со измерени шест степени под нулата во 7 часот, а највисока снежна покривка од 19 сантиметри има на Попова Шапка, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минусни температури (-4) утрово се измерени  во Тетово, Битола, Прилеп, Скопје (мерна станица Петровец), Штип и Демир Капија, -3 степени во Крива Паланка и Гевгелија, -2 Скопје (мерна станица Зајчев рид) и Куманово и -1 степен во Виница. Во Дојран се измерени 0 степени, 3 во Крушево, 4 во Претор и 6 степени во Охрид.

Во Маврови Анови има седум сантиметри снег, во Берово 3 и во Крива Паланка два сантиметра снежна покривка.

Во котлините преку ноќта и утринава има појава на магла. На запад и особено на повисоко дува умерен западен ветер. На северот и на југозападот има зголемена облачност.

УХМР информира дека по котлините претпладне ќе има појава на магла и ќе се задржи постудено. Преку денот сончево особено на повисоко и со мала до умерена облачност поголема во западните делови. Ќе дува поизразен западен ветер во западните делови од земјата. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде облачно и магливо, преку денот маглата краткотрајно ќе се намали. Максималната температура ќе достигне 2 степена.

За време на викендов времето ќе биде стабилно и суво со значителен пораст на дневната температура. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури.

Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во понеделник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник претпладне. Во вторник ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови повторно опаѓање на температурата, а овој ветер ќе дува и во среда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Шеснаесет медицински сестри од ГАК се во изолација, но не од случајот со родилката

Редакција

Анкета на „Рејтинг“: Ниту Влада предводена од Заев ниту од Мицкоски може да го намали криминалот и корупцијата

Редакција

Обинителството ќе поднесе жалба за условната казна за сообраќајката кај Млечен

Редакција