еМагазин
Image default
Локално

Викендов времен режим за сообраќање на автобусите поради затворање на бул. „Партизански одреди“

Поради градежни активности  утре од шест часот до задутре целосно ќе биде затворен за сообраќај  булевар „Партизански одреди“, од вкрстувањето со улица „Бледски договор“ (после Поликлиника Букурешт) до вкрстувањето со улиците „Љубљанска“ и „Московска“ (ТЦ Сити мол),  поради што автобусите од јавниот превоз што сообраќаат во тој дел ќе бидат пренасочени.

При времениот, изменет режим на сообраќање, автобусите ќе ги користат постоечките постојки на трасите.

Јавното сообраќјно претпријатие Скопје соопшти дека времено по изменети траси од вообичаените ќе сообраќаат линиите: 2, 2А, 4, 12, 21, 22, 22А, 24.

Во правец од Центар  кон Карпош ќе бидат пренасочени од булевар „Партизански одреди“, по улица „Бледски договор“ (Болница 8 Септември), булевар „Илинден“, улица „Љубљанска“ (Терминал Карпош 4), булевар „Партизански одреди“ и секој по своја траса. Во обратен правец сообраќањето ќе биде по истата траса.

Линиите: 32, 56, 56А, 11, 11А, 60, 64А, пак, во правец кон Ѓорче Петров ќе бидат пренасочени од булевар „Партизански одреди“ по булевар „8 Септември“, булевар „Илинден“, улица „Љубљанска“ (Терминал Карпош 4), булевар „Партизански одреди“ и секој по своја траса. Во обратен правец, исто така, по истата траса.

Линиите 4А и 28 во Тафталиџе ќе го користат терминалот од линија 24 како почетна односно крајна постојка.

Воедно,лЛиниите: 7, 15, 15А, 19 и 59 во правец кон Карпош ќе бидат пренасочени од булевар „Партизански одреди“, по улица „Бледски договор“ (Болница 8 Септември), булевар „Илинден“, улица „Никола Парапунов“ (Стара телевизија), лево на булевар „Партизански одреди“ и пред ТЦ Сити мол, лево на улица „Љубљанска“, при што Терминалот Карпош 4 ќе го користат како крајна и почетна станица. Во обратната насока ќе тргнуваат од Терминалот Карпош 4 и секој ќе се движи по својата вообичаена траса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Викендов поради градежни работи ќе биде затворен бул. „Партизански Одреди“ во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Го тепале во казино на булевар „Метрополит Теодосиј Гологанов“

Редакција

Му ја запалила шталата на соседот

Редакција

Изменет сообраќаен режим на улицата „Лазар Личеноски“: Ќе се снима филм

Редакција