еМагазин
Image default
Македонија

Викиликс открива: Република Северна Македонија било прифатливо решние за името и во 2008

Грчкиот весник Катимерини објави документ на Викиликс според кој Македонија била подготвена да го прифати името Република Северна Македонија  (Republic of Northern Macedonia или Republic of  North Macedonia) уште во 2008 година, под услов со тоа да биде вклучено и признавањето на “македонскиот” јазик и националноста“.

Доверливата белешка од амбасадата на САД во Скопје, насловена како “Што им е потребно на Македонците за решавање на спорот за името”, е со датум од 29 јули 2008 година и е напишана од тогашната американска амбасадорка Џилијан Миловановиќ.

Во првиот дел од белешката, Миловановиќ ги изнесува своите заклучоци по состаноците со тогашниот претседател Бранко Црвенковски и со премиерот Никола Груевски, притоа наведуваќи и какви услови би биле прифатливи за земјата.

еМагазин исто така пред извесен период објави неколку белешки од американската амбасада, кои ги објави Викиликс, а се однесуваат на преговорите за името од тој период. Погледнете ги ОВДЕ.

ШТО ПИШУВА ВО БЕЛЕШКАТА?

Име: Република Северна Македонија (Republic of Northern Macedonia или Republic of  North Macedonia).

Каде: Во сите меѓународни организации, и дополнително билатерално, од која било земја што не сака да го користи уставното име. (И покрај тоа што не го дискутиравме ова експлицитно, веројатно меѓународните договори би следеле по истиот модел, при што со користењето на новото име во мултилатералните односи, ќе има можност за такво нешто и билатерално). Македонија ќе го користи своето уставно име и внатрешно, на пасоши, во медиумите итн.

Идентитет: Јазикот и националноста ќе се нарекуваат македонски, но ова би можело да се однесува премолчено, можеби како дополнителен анекс кон Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, или со некој друг внатрешен документ на ОН, кој не е предмет на грчко разгледување/одобрување. Во крајна линија, на Македонија треба да и се гарантира дека нивниот јазик, националност и слично ќе продолжи да се нарекува македонски, а не северно-македонски.

Целиот документ погледнете го ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмладиот има 29 години: Од Ковид-19 починаа три лица од Куманово и едно од Гостивар

Редакција

Перински тврди дека го почитувал законот за Пречистителната станица, Арсовска најавува документи до Обвинителството

Редакција

Мицкоски објави фото: Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва, итно да биде приведен од Спасовски и МВР!

Редакција