еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Викимедија Македонија одржа камп во Дихово

За време на празничниот викенд по повод Денот на независноста на Македонија од 7 до 9 септември во битолското потпелистерско село Дихово се одржа вториот по ред „Вики-Камп“ во Македонија во организација на Споделено Знаење – Викимедија Македонија, огранокот на светската Викимедија фондација во Македонија.

На кампот учествуваа 20 млади луѓе од повеќе градови во Македонија, кои преку меѓусебно запознавање и дружење имаа можност да се запознаат и да бидат обучени за уредување на статии на Википедија на македонски јазик со уредување преку визуелниот уредник и изворното кодирано уредување преку html кодот како и новата алатка за превод, додавање на наводи (референци), категоризирање на статиите и форматирање на текстот во статиите, прикачување и лиценцирано подигнување на слики на  Заедничката ризница (Commons Wikimedia), внесување стандардизирани податоци во датабазата на Википодатоци, како и начинот на спроведување на експедициските теренски истражувања од областа на географијата, природата, земјоделството, културното наследство, архитектурата и археологијата.

Во Дихово беа посетени остатоците на првата текстилна фабрика и воопшто индустриски објект во Македонија, сите општествени установи и природни знаменитости во околината и битолските села Брусник и Нижеполе и нивната околина каде беа направени над 130 фотографии, кои се достапни за слободна употреба. Во рамки на уредувачките активности во текот на Викикампот во Дихово се создадени и над 50-ина нови статии на Википедија на македонски јазик.

Имајќи ја предвид успешноста на овој одржан камп и полезноста од употребата на Википедија во секојдневото живеење, „Споделено Знаење- Викимедија Македонија“ за идната година планира одржување на Вики-кампови во текот на пролетта и есента во различни делови на Македонија и работилници и предавања во повеќе градови на државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ООУ Лазо Ангеловски домаќин на краткорочна размена на ученици во рамките на Еразмус + проектот „Млади новинари денес-одговорни дигитални граѓани утре“

Редакција

(Фото) Втора хуманитарна акција на BtoBet со „Ретвитни оброк“

Редакција

Новата фотографија од рис во Националниот парк „Маврово“ ја разнежни Македонија

Редакција