еМагазин
Image default
Да помогнеме

Виктор треба да и донира на Сара коскена срцевина: Потребни се пари за операција во Германија

Потребни се средства за лекување на 15-годишната Сара Настеска од Охрид, на која што, сроден донатор на коскена срцевина е нејзиниот брат 13-годишниот Виктор. Операцијата чини 200.000 евра и треба да се изврши во Германија. За таа цел потребни се средства.

„На 10 авуст на нашата ќерка Сара Настеска од Охрид која има 15 години и е поставена дијагноза Anemia Aplastika. Во најкраток можен рок треба да и се изврши трансплантација на коскена срж, мошне тежок и трновит пат, како единствен можност и шанса за целосно извлекување и враќање во нормален живот.

Нашиот син Виктор Натески кој има само 13 години е единствен сроден донатор на коскена срцевина за неа. Во сите странски земји третманот и лечење на овој проблем на оваа возраст, спаѓа во рамка на специјализирани детски клиники.

Трансплантацијата на коскена срцевина сакаме да се изврши во специјализирана детска клиника во Германија која нуди висока успешност со низок ризик.

Успехот кој е постигнат во лекување на многу деца како и кај дете од Македонија, на иста возраст и истата дијагноза е причината поради која ние веруваме во нив.

Нашите животни услови не ни овозможуваат самостојно да ги сносиме трошоците за лекување, кое во Германија изнесува над 200.000 евра во зависност од времетраењето на лекувањето.

Доколку сте во можност и сакате да помогнете уплатата извршете ја на трансакциската сметка 2000001557959672-Горан Настески, депонент Стопанска банка“, се вели во писмото на родителите.

Т-Мобиле: 143 102

VIP: 143 480

Да помогнеме!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да помогнеме на малата Михаела да може сама да оди

Редакција

Новогодишна трпеза за бездомниците: Каде може да ја донирате храната што ќе ви остане од празниците

Редакција

(Фото) Секоја чест: Пар од Струмица, парите од свадбата ги донираше за Никола Новоселски

Редакција