еМагазин
Image default
Бизнис

Винарска Визба Попова Кула со загуба во првите шест месеци

Друштво за производство и промет Винарска Визба Попова Кула АД Демир Капија првата половина од 2021 година ја заврши со негативен финансиски резултат во износ од 726 илјади денари, информираат од таму преку Македонската берза.

“Друштвото е погодено многу во своето работење од новонастанатата здравствена состојба во земјава и светот со вирусот Ковид-19. Согласно оваа ситуација и уредбите на Владата ресторанот и хотелот во ВВ Попова Кула АД беа затворени целосно и делумно за работа определени периоди од 01/01/2021 до 30/06/2020.

Исто така намалени се и странските туристи, кои почнувајќи од месец мај беа значаен фактор при исполнување на нашите хотелски капацитети.

Во периодот од 01/01/2021 до 30/06/2021 година, Друштвото има остварено вкупни оперативни приходи во износ од 10.407 илјади денари. Споредено со истиот период лани овие приходи се зголемени за 5.332 илјади денари. Ова зголемување во најголем дел се должи на работење на хотелот и ресторанот со зголемен број на посетители споредбено спрема истиот период лани.

Во поглед на анализа на расходите исто големо е влијанието на состојбата со Ковид-19 вирусот. Оперативните расходи се зголемени за 4.177 илјади денари. Зголемувањето е резултат на зголемениот број на гости кои резултираат и со зголемени тропшоци од редовно работење“, велат од винаријата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Корона“ кризата „удри„ врз винарската индустрија: Попова Кула во минус

Кој се е акционер во Попова кула

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ниту една друга банка не е изложена на ризик, велат од Македонската банкарска асоцијација

Редакција

Како да се надмине енергетската криза: Азески предлага штедење на струја и поголемо домашно производство

Редакција

Гроздобер 2022: „Тиквеш“ и годинава договори откуп на најголеми количини грозје, по највисоки цени

Редакција