еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) „Вип“ стана „А1“

Консолидирајќи ја својата позиција во рамките на A1 Телеком Австрија Групацијата, присутна во седум земји во регионот, Vip денеска го претстави новиот бренд на компанијата – А1.

На настанот по повод официјалното ребрендирање, главниот извршен директор на А1 Телеком Австрија Групацијата, Томас Арнолднер, главниот извршен директор на А1 Кластерот „Хрватска и Македонија“, Јиржи Дворјанчански, и извршниот директор на А1 Македонија, Мислав Галер, го претставија новиот А1 бренд, осврнувајќи се на клучните поенти поврзани со процесот на ребрендирање, идните планови на компанијата, како и на најновите понуди.

„Трансформацијата од Вип во А1 е стратешка одлука со која ја надградуваме нашата позиција на телекомуникацискиот пазар. Нашата визија како А1 е да бидеме партнер во дигитализацијата на македонското општество, да го поттикнеме дигиталниот начин на живеење и да бидеме водич за нашите корисници во оваа наша дигиталната ера на нови технологии.

Брендот го градиме како силен, модерен, отворен и креативен бренд, со кој креираме нови приказни и отвораме нови светови. На корисниците им овозможуваме заедно да ги креираме искуствата според нивните потреби, што ќе придонесе и за поквалитетен начин на живеење во дигиталното време. Цврсто верувам дека сите заедно ќе придонесеме оваа наша визија да стане реалност“, изјави Мислав Галер, извршен директор на А1 Македонија.

Компанијата ги менува името, логото и изгледот на своите продажни салони, воведува сосема нова корпоративна веб-страница, воведува нови, модерни и софистицирани дигитални алатки.

Новиот бренд А1 на корисниците им овозможува врвна услуга, одлично корисничко искуство и комуникациска инфраструктура, која може да одговори на предизвиците што ги носи иднината, велат од компанијата.

„Зад промената на брендот и името на компанијата стои многу поголема и суштинска промена, која ќе влијае врз сите сегменти од работењето, што води кон задоволување на комуникациските потреби на корисниците, а подразбира најмодерна оптичка инфраструктура, мобилна мрежа од новата генерација што овозможува кристално јасен звук и подготвеност за 5G-технологија“, велат од компанијата.

За А1 Телеком Австрија Групација

А1 Телеком Австрија Групацијата, која котира на Виенската берза, е водечки снабдувач на дигитални услуги и комуникациски решенија во Централна и Источна Европа со повеќе од 24 милиони корисници што работат во седум земји: Австрија, Бугарија, Хрватска и Словенија, Белорусија, Република Северна Македонија (А1), Република Србија (Vip mobile).

На крајот од 2018 година, приходот на Групацијата изнесува околу 4,47 милијарди евра.

„Портфолиото на А1 Телеком Австрија Групацијата опфаќа широкопојасна инфраструктура на интернет-мрежа, мултимедијални услуги, податочни и ИТ-решенија, големопродажба и решенија за наплата преку мобилен телефон.

Услугите што ги нуди компанијата овозможуваат дигитален начин на живот и работа, но и можност компаниите и работите да се поврзат насекаде и во секое време.

А1 Телеком Австрија Групацијата, со седиште во Виена, е европска единица на América Móvil, една од најголемите обезбедувачи на безжични услуги во светот, која обезбедува пристап до глобални решенија“, велат од Групацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „зовре“: „Само ние и бубашвабите можеме да издржиме вакво загадување„

Редакција

По навредите кон Алиоски, УЕФА го суспендираше Арнаутовиќ за натпреварот со Холандија

Редакција

Реакции на твитерџиите: Референдумот помина, фатете се за работа

Редакција