еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

“Висат“ предвремените парламентарни избори?

Премиерот Зоран Заев ја разбранува јавноста со вчерашната изјава дека треба да се остави можност за евентуално пролонгирање на веќе закажаните предвремени парламентарни избори, поради ратификацијата на Протоколот за прием на Македонија во НАТО во македонското Собрание, кој треба да се ратификува и кај нас, откако процедурата ќе ја завршат 29. членки на НАТО.

“Сите 29 земји членки го ратификувале Протоколот и кога ќе дојде до Македонија да го ратификува не смееме да дозволиме да немаме парламент“, рече Заев и посочи дека претседателот на Парламентот, Талат Џафери веројатно води грижа и за прашањето за законските рокови.

“Јас слушнав дека претседателот на Собранието одлучил 60 дена. Секако ако е таква одлуката нам ни останува да се поклониме пред одлуката и да ја испочитуваме до крај. Но, секако сите мора да водиме грижа државата да ни биде функционална кога се носат вакви историски одлуки“, рече Заев.

Џафери најави дека ќе го распушти Собранието на 11. февруари, односно 60 дена пред одржувањето на парламентарните избори закажани за 12. април.

Според Џафери, не постои можност да се свика Собранието доколку има потреба да се ратификува Протоколот за членство во НАТО. За тоа, како што изјави Џафери ќе треба да се чека на новиот собраниски состав.

Од друга страна пак правни експерти велат дека Џафери не мора да инсистира на распуштање токму тогаш и дека избори се одржувале и на помалку од 60 дена од распуштањето на Собранието, како и дека постои можноста тоа да се свика во вонредна ситуација, како што е на пр. ратификацијата на Протоколот.

Од опозицијата по изјавијата на премиерот реагираа дека Заев постојано се предомислува и дека тие не гледаат пречка за одржување на изборите.

Протоколот за влез на Македонија во НАТО не е ратификуван од Франција, Холандија и Шпанија.

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние неодамна изјави дека процедурата во Франција треба да биде завршена до крајот на ноември или на почетокот на декември.

Најави за завршување на процедурата во периодот што следи има и од Холандија, а засега е неизвесно дали тоа пред Самитот на НАТО, кој се одржува на 3 и 4. декември во Лондон, ќе се случи и во шпанскиот Парламент.

Имено, двата дома на Парламентот во Шпанија се распуштени, а тамошните избори се закажани за 10. ноември. Доколку сè помине како што треба, новиот состав на шпанскиот Парламентот би се конституирал на 3. декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Важни се договорените датуми за техничка влада и изборите

Откако вчера го проблематизираше датумот, Заев денеска ги повика партиите да се спремат за избори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку изнесува највисоката просечна бруто плата во Македонија

Редакција

Што пишува во биографијата на Горан Милевски, старо-новиот министер за локална самоуправа

Редакција

„Генерали инвестментс“ го презема управувањето со трите инвестициски фондови на „Илирика“

Редакција