еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Месечни награди од над 1.000 евра за членови на Одборот на директори на „Триглав осигурување“

„Триглав осигурување“ на престојното Собрание на акционери закажано за 30.10.2019 година ќе предложи одредување месечен паушал на неизвршните членови на Одборот на директори.

„Месечниот паушал е составен од основна награда и додаток за вршење на функцијата на членот. Основната награда е 350 евра во бруто износ за неизвршните членови на Одборот на директори кои се вработени во Групацијата Триглав и 1.000 евра во бруто износ за неизвршните членови на Одборот на директори кои не се вработени во Групацијата Триглав“, пишува во предлог одлуката објавена преку Македонската берза.

Во неа се додава дека додатокот за вршење на функцијата на членот изнесува 70% од основната награда за вршење на должност претседател на Одборот на директори, 10% од основната награда за вршење на функција член односно 20% од основната награда за вршење на функција претседател на комисијата/одборот.

„Неизвршните членови на Одборот на директори имаат право на поврат на трошоците за превоз и сместување, кои настануваат во врска со вршењето на должноста неизвршен член на Одборот на директори и тоа во согласност со прописите за даночно признати трошоци за превоз и сместување.

На поврат на трошоците за сместување имаат право само оние членови, чиј постојан или привремен престој е оддалечен најмалку 100 км од местото на одржување на седницата на Одборот на директори, како и во случај кога од објективни причини членот не бил во можност да се врати (немало јавен превоз и слично)“, пишува во одлуката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се топ пет најголеми трговски партнери на Македонија?

Редакција

27-годишно момче од Куманово почина во САД, на семејството му треба нашата помош да го врати дома

Редакција

Раст од 124,4% на прометот на Македонската берза во март

Редакција