еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Виталиа“ бесплатно ќе доставува здрава храна за лица над 60 години

Актуелната пандемија на коронавирусот направи сериозни пореметувања во секојдневието, а со цел да се спречи ширењето, потребна е сериозна посветеност од сите чинители во општеството, вклучително и од компаниите.

„Виталиа“, како бренд кој се грижи за своите потрошувачи и околината, во следниот период бесплатно ќе доставува здрава храна за лицата над 60 години.

– Критичните периоди во општеството бараат од секого од нас да вложи дополнителен напор и енергија за да им помогне на тие што најмногу им е потребно, односно на најранливите категории. Во случајот со коронавирусот, постарите лица, особено тие над 60 години, треба да внимаваат на своето здравје и да направат сѐ што е во нивна моќ за да го зајакнат имунитетот.

Несомнено, и целата заедница, вклучително и помладите генерации, треба да покажат повеќе грижа за своите повозрасни сограѓани, без разлика дали се во прашање најблиските од семејството или соседите, истакнуваат од „Виталиа“.

Со цел да им го олесни пристапот до здрава храна, компанијата во периодот што следува бесплатно ќе ја доставува до сите што имаат 60 и повеќе години.

Нарачките ќе може да се реализираат преку онлајн-продавницата www.vitalia.com.mk/mk/products-filter-page или телефонски, на бројот 02 3217 177.

Доставата ќе биде на товар на компанијата, а плаќањето ќе може да се изврши со картичка или во готово. Целата територија на земјата е опфатена со бесплатната достава.

„Виталиа“, меѓудругото, освен што има за цел да им помогне на најранливите категории, со својот чекор се надева дека ќе внесе поттик и кај другите компании, кои можат да превземат сопствени иницијативи за да обезбедат поддршка на тие што им е најпотребна во актуелниот кризен период.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ново зголемување на платите во Рудник САСА – четврто во изминатите две години

Редакција

Денеска сончево и потопло со мала облачност, температурата до 21 степен

Редакција

Две национални награди за проектите на ЕВН за Електромобилност и Знаковен јазик

Редакција