еМагазин
Image default
Бизнис

„Витаминка“ планира приходи од 52,4 милиони евра во 2020 година

Друштвото ПИ „Витаминка“ АД Прилеп, го усвои планот за работа за 2020 година на седницата на Одбор на директори, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Предвидувањата во планот за работа се базирани врз основа на: реалните пазарни очекувања, продажните проекции и можности за пласман на нашите производи на постоечките и новите пазари, зголемување на продуктивноста и ефикасноста во искористувањето на сопствените ресурси и потенцијали и намалување на поедини групи на трошоци во одредени сегменти.

Имајќи ја предвид среднорочната стратегија за развој на друштвото и во 2020 година продолжува со инвестирање со цел следење на развојните процеси. Основно инвестициите се однесуваат на модернизирање и автоматизирање на техничко-технолошките процеси, зголемување на постоечките капацитети, воведување на нови производни линии, градежна реконструкција и адаптација на производни хали и магацини за складирање.

Планираните вкупни приходи од оперативното работење на друштвото се позиционирани на износ од приближно 52.416.000 евра. Од вака планираните вкупни приходи 60 % се планирани да се оствараат на домашниот пазар, а 40% да се оставараат на странски пазари“, информираат од компанијата.

Оттаму додаваат дека како приоритети на продажба се зголемување на продажбата на домашниот пазар и на продажбата во балканските земји.

Остварувањето на финансискиот план ќе ја зголеми добивката на друштвото за 5 -10 %.

Фото: Витаминка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор

Редакција

Дури 9.075 слободни работни места во првото тримесечје од 2020

Редакција

Здравствен дом Љубљана преку оглас бара лекари за работа во Словенија

Редакција