еМагазин
Image default
Бизнис

(Фото) Витаминка се претставува на саемот „Интерфуд & дринк“ во Софија

Витаминка од денеска се претставува на саемот „Интерфуд & дринк“ кој од 7 до 10 ноември по 17 пат се одржува во Софија.

Овој меѓународен саем е најголема саемска манифестација за прехранбена индустрија во Бугарија и истовремено е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија во Југоисточна Европа па како таков нуди одлични можности за преставување, воспоставување контакти и отворање нови деловни можности.

На овој настан има зголемено меѓународно присуство што овозможува создавање деловни релации, споделување искуство и позитивни бизнис практики, како и изнаоѓање на нови партнери и пазари. На саемот се организираат и дополнителни активности, групни форуми како и индивидуални состаноци и презентации.

Витаминка со своите производи е веќе присутна и позната на бугарскиот пазар, а Чоко Стоби флипс, Атлантис, Бонитас, Кукис, Деспина, Весели јајца, Фрути и други се веќе препознатливи брендови во оваа земја, докажани со својот квалитет.

Најголемиот производител на кондиторски производи во Македонија со претставувањето на Интерфуд & Дринк не само што ќе ја зацврсти својата позиција на бугарскиот пазар, туку ќе создаде простор за отворање потенцијални нови пазари и за нови пласмани.

Фото: Витаминка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потпишан Договорот за изградба на интерконекторот за пренос на природен гас Грција-Македонија

Редакција

Кандидатката на Сергеј Самсоненко и „Руле турс“ именувана за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција

Детален преглед: 27 компании кои котираат на Македонската берза лани работеле со загуба

Редакција