еМагазин
Image default
Бизнис

„Виз ер“ ги повика авиокомпаниите да ја забранат бизнис-класата на сите кратки летови

Водечкиот нискобуџетен авиопревозник „Виз ер“ ги повика авиокомпаниите да го укинат летањето со празни седишта во бизнис-класата на летови пократки од пет часа.

„Бизнис класата треба да биде забранета на сите кратки летови. Патниците од бизнис-класата придонесуваат за двојно поголем јаглероден отпечаток отколку патниците од економската класа, а индустријата е виновна за зачувување на овој неефикасен и архаичен модел.

Преиспитувањето на овој проблем одамна се доцни. „Виз ер“ ги повикува своите колеги од авиокомпаниите да се заложат за целосна забрана на патувањето со бизнис-класа за сите летови кои траат помалку од пет часа. Ерата на старомодно патување веќе заврши, исто како и бизнис класата“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Управата за финансиско разузнавање распиша тендер за набавка на три возила

Редакција

АСОМ: Со одлука на Владата спортските обложувалници ќе работат само преку шалтерски систем

Редакција

Со посебни дозволи овозможена работа на фабриките, транспортот и доставата и за време на полицискиот час

Редакција