еМагазин
Image default
Свет

„Виз ер“ најави основање на „Виз ер Абу Даби“

„Виз ер холдинг“ најзелената авиокомпанија во Европа и најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, денес најави дека склучиле договор за основање на „Виз ер Абу Даби“, Обединетите Арапски Емирати во партнерство со Abu Dhabi Development Holding Company PJSC („ADDH“).

Новата авиокомпанија ќе биде првата авиокомпанија на „Виз ер“ надвор од Европа.

„Виз ер Абу Даби“ ќе се формира преку заедничко вложување, а се очекува да почне со работа во втората половина на 2020.

Главниот фокус на авиокомпанијата е да основа рути кон пазарите на кои „Виз ер“ има постојани летови со висок раст, имено Централна и Источна и Западна Европа, како и Индискиот потконтинент, Блискиот исток и Африка на долг рок.

„Виз ер“ верува дека воспоставување на вистински ултра-ниски цени на авиокомпанија во Абу Даби може да придонесе за континуиран раст на Абу Даби како културна и туристичка дестинација од светски рамки.

Доброто познавање на ADDH за локалниот пазар, нивната поддршка и навигација на новиот пазар за „Виз“ е од голема важност и ќе го поттикне успешниот развој на новата авиокомпанија.

Основањето и почетокот на новата авиокомпанија подлежи, меѓу другото, на договор и влегување во сила на конечна документација со ADDH, прием на сите потребни внатрешни и надворешни одобренија и согласности и новата авиокомпанија која ги задоволува сите регулаторни барања на ОАЕ, Генерален орган за цивилно воздухопловство, да добие сертификат за воздухопловен оператор (‘AOC’).

Со флота составена од Airbus A321neo авиони, најефикасен светски авион со тесно тело,„Виз ер Абу Даби“ ќе добие пристап до пазарите со вкупно пет милијарди клиенти низ Европа и пошироко.

Новата понуда на авиокомпанија за патниците ќе се усогласи директно со онаа на „Виз ер“ со единствен фокус обезбедување на супериорна вредност базирана на квалитетно искуство на лет изграденa на една од најзелените флоти во светот.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројката на загинати од земјотресот во Турција и Сирија се зголеми на околу 5.000

Редакција

Нова афера – “Пандора документи“: Светски лидери, милијардери и ѕвезди криеле милиони долари во офшор компании

Редакција

(Фото) Хит на социјалните мрежи: Меркел го прекори Борисов за маска под носот

Редакција