еМагазин
Image default
Бизнис

„Виз ер“ објави 100.000 билети од и до Дормунд за 9,99 евра

„Виз ер“ објави цена од 9.99 евра за 100.000 билети од и до Дортмунд. Промоцијата важи за сите патници (до 23:59), за било кој датум.

Картите можат да се резервираат на wizzair.com или на мобилната апликација на WIZZ.

„Виз ер“ им препорачува на своите патници при нивната резервација да ја додадат услугата WIZZ Flex за дополнителна заштита. Со оваа услуга, патниците можат да го откажат летот до 3 саати пред полетување без дополнителни плаќања а 100% од целата сума ќе им биде вратена во кредити, а можат и да ги менуваат датумот и дестинацијата во неограничен број.

Авиокомпанијата неодамна објави низа засилени мерки за хигиена, за да се обезбеди здравје и безбедност на своите патници и членови на екипажот.

Како дел од овие нови протоколи, за време на летот, и патниците и екипажот треба да носат маски на лицето, а екипажот треба да носи и ракавици.

Авионите на Wizz Air редовно се поминуваат со специјален анти-вирусен раствор, а следејќи го дневниот распоред на Wizz за чистење, сите авиони на авиокомпанијата дополнително се дезинфицираат и преку ноќ со истиот анти-вирусен раствор.

Секој патник при влегување во авионот ќе добие санитарни марамчиња, магазините од авионот се отстранети, а сите продажби за време на летот е препорачано да се вршат со бесконтакнто плаќање.

Патниците треба да ги следат мерките за физичко дистанцирање претставени од локалните здравствени власти и се охрабруваат да ги купуваат сите услуги пред летот преку интернет (на пр. чекиран багаж, Wizz priority, брза безбедносна патека), за да го минимизираат можниот физички контакт на аеродромот.

Цена за еднонасочен лет, заедно со административната такса. Опфатена е една рачна торба (мкс. димензии: 40x30x20 cm). Торбата со тркалца и секое парче пријавен багаж подлежи на дополнителни такси.

Цената важи само за резервации направени на wizzair.com и преку апликацијата за мобилни уреди на WIZZ. Назначениот број седишта (100 илјади) по цена од 9,99 евра важи за 09 јули 2020 година, за летовите до и од Дортмунд .

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претставници на американската филијала на „Грин Машинс“ на обука во Велес

Редакција

Како работел СДСМ во 2021: Повеќе пари од буџетот на државата, помалку од донации

Редакција

Милица Чапаровска – Јовановска реизбрана за член на УО на Стопанска банка Скопје

Редакција