еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Виз ер“ прогласена за најбезбедна од страна на airlineratings.com

„Виз ер“, најбрзорастечката авиокомпанија во Европа и водечка компанија за нискобуџетни услуги во Централна и Источна Европа, доби највисока оцена за безбедност, од седум ѕвезди, од единствената компанија за рангирање на безбедност и услуги во воздухопловството AirlineRatings.com.

Безбедносниот рејтинг за секоја авиокомпанија се заснова на сеопфатна анализа користејќи информации од светското воздухопловно раководно тело и водечко здружение, заедно со владите и историските податоци.

Критериумите за евалуација се фокусираат на важни елементи како што се сертификацијата IOSA, одобрување на FAA, состојба и старост на флотата, историја на несреќи, безбедносен рејтинг на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) на земјата на потекло и други параметри.

Безбедносниот рејтинг со седум ѕвездички, како во случајот со „Виз ер“, се доделува на авиокомпаниите кои ги исполнуваат сите критериуми за оценување. „Виз ер“ располага со една од најмладите флоти во светот – моментално се состои од 104 авиони на Ербас А320 и А321, со просечна возраст од 4,5 години.

Авиокомпанијата има повеќе од 250 од најефикасните авиони во светот, Airbus А321 NEO, по нарачка, при што првиот NEO се приклучи на флотата на превозникот во јануари 2019 година.

Откако започна со лет во 2004 година, „Виз ер“ посвети значајно време и ресурси за да осигури дека нејзината култура на безбедност, процедурите за безбедност, како и обуката и развојот на својот персонал се од светска класа. „Виз ер“ соработува со водечките европски партнери за одржување за да ја задржи својата млада и модерна флота во беспрекорна состојба.

„Безбедноста отсекогаш беше наш врвен приоритет во „Виз ер“ и токму поради тоа сме среќни што добивме признание за најбезбедна авиокомпанија од страна на AirlineRatings.com. Ова признание е потврда за нас дека ние ги поставивме вистинските приоритети и ја зацврстуваме нашата определба да продолжиме да летаме најбезбедно преку нашата широка мрежа од повеќе од 600 правци до 142 дестинации во 44 земји“, изјави Дидерик Пен, извршен потпретседател и главен оперативен директор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка со пролетна промотивна кампања за кредитите за физички лица

Редакција

Овој месец со безброј придобивки при онлајн пазарување со myWorld

Редакција

ОКТА донираше фотоволтаична централа и за средното економско училиште во Охрид

Редакција