еМагазин
Image default
Да помогнеме

„Виз Ер“ скопски маратон преку партнерство со GivenGain цели кон поддршка на оние кои им треба помош

Оваа година за илјадниците учесници, но и за тие кои сакаат да помагаат, Виз Ер Скопски маратон одлучи да ја надгради хуманоста во Македонија со отворање на партнерство со глобалната платформа за донации GivenGain.

Воедно, преку официјалниот веб сајт www.givengain.com секој може да донира за СОС Детско село, Проект среќа или Здружение на лица со пулмонална хипертензија – Момент плус за само 30 секунди.

Тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови на Град Скопје, ја користи оваа можност и соработка со цел да направи што е можно поголем социјален импакт во државата. Покрај охрабрувањето луѓето да спортуваат и да го негуваат своето здравје, организаторот го користи своето влијание за поттик на донирањето.

„Имаме обврска кон нашата заедница. Ние сме луѓе кои сме цврсто уверени и убедени дека напредокот на светот во кој живееме зависи од нас. Секојдневно ги бараме начините како да го постигнеме тоа и затоа ни е екстремно драго што како Виз Ер Скопски маратон го најдовме најефективниот и најбрз начин да им се помогне на тие кои им е потребно,“ вели Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон за можноста вели,

Покрај самата директна донација, сите кои ќе учествуваат на Виз Ер Скопскиот маратон можат да креираат своја страна за поддршка на некои од трите здруженија и да ги повикаат своите пријатели да им помогнат во нивната поставена цел за собирање на средства.

Креирањето на повик преку  GivenGain е многу едноставен:

– посетете ја официјалната страница на  Виз Ер Скопски маратон на GivenGain на www.givengain.com

– избирате ‘Start fundraising’ за да се регистрирате со Facebook или Google

– избирате една од партнерските добротворни организации за поддршка

– додавате ваша слика/порака, таргет за собирање на средства и кратка приказна за тоа зошто собирате средства

– го споделувате вашиот линк за проектот за собирање на средства и ги охрабрувате и вашите пријатели и познаници.

„Време е промената која ја посакуваме да дојде од нас. Донирајте, лајкувајте и споделувајте. GivenGain е нашиот чекор, па Ве повикуваме да биде и вашиот“, порача Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетовец починал во Малта, потребни се средства за транспорт

Редакција

Ќе се собира хуманитарна помош за семејството на возачот што почина на Стража

Редакција

Ајде луѓе, можеме да собереме уште 1.500 евра за лекување на шестмесечниот Ангел

Редакција