еМагазин
Image default
Бизнис

Виз ер: За овие седум години, не сме имале летови до Полска

По повод објавите во некои од медиумите дека авиокомпанијата „Виз ер“ ја укинала линијата до Полска, од компанијата велат дека за седум години откако работи на македонскиот пазар, „Виз ер“ никогаш немал летови до Полска.

„Во последните 7 години, кога прв пат почнавме да работиме во Македонија, па се до денес „Виз ер“ е водечка авиокомпанија во државата. Компанијата со постојано инвестирање во локалните операции и со обезбедување на поволни можности за патниците ја стекна довербата и лојалноста на повеќе од 4,6 милиони патници, транспортирани од 2011 година од целата земја.

Нашата македонска флота во Скопје се состои од 2 Airbus 321 и 2 Airbus A320, што значи инвестиција од над 430 милиони долари. Оваа година локалниот тим на WIZZ во Македонија порасна на повеќе од 140 локални членови и според индустриските стандарди, операциите на WIZZ отворија повеќе од 900 индиректни работни места во 2017 година.

„Виз ер“ ја нагласува својата посветеност на македонските корисници преку постојано проширување на својата мрежа со ниски цени и создавање на повеќе достапни туристички патувања од аеродромите во Скопје и Охрид. Wizz Air во моментов нуди 30 рути до 14 земји со капацитет од 1,6 милиони седишта, остварени во продажба во 2018 година, што претставува раст од 23% во споредба со 2017 година.

Оваа година авиокомпанијата го зголеми капацитетот на своите седишта со замена на 2 Airbus A320 авиони од локалната флота со два нови Airbus A321 и најави една нова рута од Охрид до Виена, која започнува во ноември.

Во моментов мрежата на „Виз ер“ од Охрид се состои од три популарни рути до Виена (Австрија), Базел (Франција) и Лондон Лутон (Велика Британија). Рутата Лондон Лутон е оптимизирана според барањата на пазарот и ќе биде функционална само во летната сезона. Наскоро, авиокомпанијата ќе го стави летниот распоред за 2019 година на продажба и патниците ќе можат веќе да ги планираат своите патувања и да ги резервираат своите карти на WIZZ рутите од Македонија“, се вели во соопштението на „Виз ер“.

Од Скопје – 27 рути до 13 земји:

– Будимпешта

– Барселона

– Братислава

– Париз Бове

– Келн

– Рим Чампино

– Копенхаген

– Брисел Шарлероа

– Дортмунд

– Ајндховен

– Фридрихсхафен

– Мемминген / Минхен Запад

– Гетеборг Ленветтер

– Хановер

– Хамбург

– Франкфурт Хан

– Лондон Лутон

– Малта

– Базел-Мулхаус-Фрајбург

– Малме

– Милан Малпенса

– Нирнберг

– Стокхолм Скавста

– Берлин Шенефелд

– Осло Сандефјорд Торп

– Венеција Тревизо

– Векше

Од Охрид – 3 рути до 3 земји:

– Лондон Лутон

– Базел-Мулхаус-Фрајбург

– Виена

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставен не поведе постапка за прекувремените работни часови за изградба на автопатите кои ги гради „Бехтел и Енка“

Редакција

Македонската ИТ компанија „Еконет“ станува дел од „Синами“

Редакција

Конзорциумот „Зимак“ и „Новоматрикс“ го доби тендерот на ЕСМ за помошна механизација вреден 3,2 милиони евра

Редакција