еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Вкупна казна од 30.000 евра за 30 лица кои играа оро во Гевгелија за време на полициски час

Гевгелиското обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против 43 лица кои го сториле кривичното дело –  Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Од обвинетите, 30 лица се обвинети затоа што на 19 април 2020 година, за време кога во сила била забраната за движење, излегле од своите домови и на улицата „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија играле оро, на претходно пуштена музика.

Обвинетите со тоа, постапиле спротивно на забраната за движење, односно полицискиот час и не ја почитувале Одлуката на Владата со која се предвидуваат мерки за спречување на натамошно ширење на опасната заразна болест предизвикана од вирусот  COVID-19.

Останатите 13 лица, го сториле кривичното дело движејќи се пеш или со возила за време на полициски час.

Основното јавно обвинителство Гевгелија  ги достави предлозите со кои му предложи на Судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја дневна глоба со висина од по 10 евра во денарска противвредност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Какви мерки, каква корона: Во Гевгелија оро за Велигден

МВР: Идентификувани 18 лица од „орото во Гевгелија“, ќе има казнени пријави

“Гевгелиското бе, го знаеш, три напред, еднаш во затвор„: Твитер реакции за орото во Гевгелија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 7: Расте бројот на лицата кои по третпат заболеле со Ковид-19

Редакција

Во река е претворен дел од автопатот Солун-Атина од бурата „Даниел“ и останува затворен за сообраќај

Редакција

Во големиот пожар кај Саса, и авиони учествуваат во гаснењето

Редакција