еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 1.231: Нови 7 случаи на заразени со коронавирусот

Во изминатите 24 часа потврдени се 7 нови случаи на Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

По градови: Куманово- 2, Тетово- 3 и Кочани- 2.

„Бидејќи во вчерашниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) е двојно евидентиран еден контролен тест на пациент од Кочани, денеска е направена исправка со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1.231“, велат од Министерството.

Последната дистрибуција по градови е: Скопје – 411, Куманово – 340, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –117, Тетово – 60, Струга – 55, Велес – 59, Битола –17, Охрид –15, Кавадарци – 4, Гостивар –13, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -2, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 1.

“Во изминатото деноноќие направени се 207 теста. Преку ИЈЗ –201, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек –0, Филип Втори (Жан Митрев) –6 и Систина со PCR метода -0.

Досега во земјата се направени вкупно 12.340 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани вкупно 60 пациенти. Од нив 18 се на кислородна поддршка, а 4 се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ се хоспитализирани 45 пациенти. Со потешка клиничка слика се 7 пациенти, а 5 пациенти се на респираторна машина.

Во Битола се хоспитализирани вкупно 13, а на домашно лекување се следат 15 пациенти. Во болницата во Штип, на болничко лекување се 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: 224 излекувани од коронавирусот во Македонија, нов раст

Од коронавирусот почина маж од Лабуништа на 70 годишна возраст

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку е важно навреме да се открие карциномот на бели дробови?

Редакција

Двајца вработени во градинка во Крива Паланка позитивни на Ковид-19, установата ќе паузира две недели

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 29 пациенти, а вкупно се лекуваaт 255

Редакција