еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 1.399 заболени: Само 13 случаи на новозаболени со корона вирусот

Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-4, Куманово-5, Прилеп-2 и Тетово-2, информираат од Министерството за здравство.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија изнесува, 1,399.

Последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 475, Куманово – 376, Дебар – 51, Штип – 34, Прилеп –143, Тетово – 75, Струга – 64, Велес – 66, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –15, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -4, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 1, Валандово -1, Виница – 2.

“Направените 289 теста се преку: Институт за јавно здравје – 226, Ветеринарен факултет -9 , Авицена –12 , Биотек –0, Филип Втори (Жан Митрев) – 0, Систина со PCR метода – 38  и МАНУ -4.

Досега во земјата се направени вкупно 15.409 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е примен еден нов пациент, а хоспитализирани се вкупно 61. Од нив 18 се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а пет пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се осум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 32. На респираторна машина се 7 пациенти, а со потешка клиничка слика уште 4.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, а се следат вкупно 8 пациенти во домашно лекување, додека во болницата во Штип се лекуваат 2 пациенти, а се следат уште 9.

На инфективните одделенија во болниците во Куманово, Велес и Прилеп се хоспитализирани 50 пациенти, потврдени и суспектни на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апел до матичните лекари за да се откријат што поголем број на дарители на крвна плазма, за лекување на пациентите со корона вирусот

Заболените од корона вирусот кај нас, од утре ќе почне да се лекуваат со крвна плазма и примена на озонотерапија

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Oбезбедени се 23 единици конвалесцентна плазма за третман на 23 пациенти со корона вирусот

Редакција

Влада: Бугарија го потврди ветото, историската сега е огромна геостратешка грешка

Редакција

Се надеваме на продолжување на соработката во сите области со која влада и да произлезе, порачуваат од Грција

Редакција