еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 1.421: Нови 22 случаи на заболени од коронавирусот во Македонија

Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Струга-1, Велес-3, Кавадарци-2, Гостивар-2 и Неготино-1, информираат од Министерството за здравство.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија изнесува 1.421.

Последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 486, Куманово – 378, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –143, Тетово – 75, Струга – 65, Велес – 69, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 7, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -5, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 1, Валандово -1, Виница – 2.

„Направените 362 теста се преку: Институтот за јавно здравје –203, Ветеринарен факултет -8 , Авицена –11, Биотек –45, Филип Втори (Жан Митрев) –48, Систина со PCR метода  -25  и МАНУ -22 .

Досега во земјата се направени вкупно 15.771 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 5 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 52. Критично болни и на механичка вентилација се 3 пациенти, 25 се со потешка клиничка слика и на кислородна маска.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани 28 пациенти. Со потешка клиничка слика се 3 пациенти, а на респираторна машина вкупно 6.

Во болницата во Битола се лекуваат 6 пациенти, а на домашно лекување се следат 8.

Во Штип на болничко лекување има 2, а на домашно се следат уште 6 пациенти.

На останатите инфективни одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар, Охрид, Тетово се хоспитализирани вкупно 46 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид -19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: 36 новоизлекувани од коронавирусот во Македонија, вкупно 589

Вкупно 71: Шест новопочинати од коронавирусот во Македонија

Фото: Факултет за ветеринарна медицина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Немало политичко влијание за разрешувањето на Мазнева, тврди Арсовска

Редакција

Детален преглед: Активни пожари во Беровскиот, Скопскиот, Битолскиот, Кумановскиот регион, локализиран во делчевско

Редакција

„Жикол“ го доби тендерот за изградба на инфраструктура во ТИРЗ Струга вреден 805.000 евра

Редакција