еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 1.442 заболени од корона вирусот: Потврдени се 21 нови случаи

Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на Ковид-19 и тоа во: Скопје – 7, Куманово -6, Прилеп-4, Тетово-1, Пехчево-1, Делчево -1, Струга-1, информираат од Министерството за здравство.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија изнесува 1.442, а бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

“По завршување на епидемиолошка анкета, за две лица кои во вчерашниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ)  беа заведени во Кавадарци, е утврдено дека се жители на Демир Капија.

Во денешниот извештај на ИЈЗ ќе биде направена исправка и тие ќе бидат заведени во Неготино, бидејќи Демир Капија спаѓа во оваа подрачна единица.

Согласно ова, последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 493, Куманово – 384, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –147, Тетово – 76, Струга – 66, Велес – 69, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -7, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево- 2, Делчево-1, Валандово -1, Виница – 2.

“Направените 279 теста се преку: ИЈЗ –146, Ветеринарен фaкултет -20 , Авицена –25, Биотек –29, Филип Втори (Жан Митрев) –39, Систина со PCR метода  -12  и МАНУ – 8.

Досега во земјата се направени вкупно 16.050 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 52. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација 3 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се примени 8 нови, а вкупно хоспитализирани 35. Со потешка клиничка слика се 5,а на респиратор вкупно 6 пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 5, а на домашно лекување се следат 4 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 3 пациенти, а уште 6 се следат на домашно лекување.

На инфективните одделенија во Тетово, Гостивар, Куманово, Велес и Прилеп се лекуваат 42 позитивни и суспектни на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Оздравени уште 38 пациенти, вкупната бројка 627

Филипче излегува од изолација: И вториот тест за корона вирусот е негативен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дебата во Европарламентот за Македонија и регионот: Една од главните точки е спорот со Бугарија

Редакција

(Фото) Се вакцинираше и министерката Шахпаска

Редакција

Министерката Дескоска го повика Собранието да го спречи активирањето на пoмилувањата на Иванов

Редакција